Сандра Кирков за одморот на албанската ривиера: „Борш е поубав и поевтин од Саранда, сообраќајот е хаотичен секаде“
Каде и да отидете на Борш нема да погрешите, многу се гради и верувам дека за неколку години ќе биде нова топ летна дестинација на Балканот, ако не и пошироко. Секако тука ќе им помогне доста новиот пат и новиот тунел кој е скоро при крај, па ќе може да ги избегнеме повеќето ридови и кривини.
Истиот ден околу 16 часот стигнавме во Химара, мало гратче со околу 3.000 жители кое ме потсетува на Грција, а има и зошто. Сите локалци зборуваат грчки, сместен е во мал залив и има преубави зајдисонца.
Едно попладне го одбравме суши барот Уми, единствениот rooftop бар во Химара каде што уживавме во одлични коктели и црвено зајдисонце. Доколку сте расположени за истражување, може да се искачите до замокот Химара од каде има панорамски поглед на градот.
Во околината се наоѓаат и други познати туристички места како Дерми каде што се градат модерни хотели и веќе има многу добри бич барови. Доколку се решите за одмор на плажа, без конкуренција ги препорачувам Дерми или Борш. Пријателите што оделе таму во изминативе години велат секоја година се отвора нешто ново, луѓето вложуваат, имаат и странски инвеститори така што се очекува во иднина и цените да бидат повисоки.
Секаде каде што бевме беше доста чисто, народот е пријатен и гостопримлив, па така имавме едно убаво искуство во соседната земја.“
Повеќе фотки од одморот на Сандра:
Прочитајте и Пар од Скопје за одморот во Ксамил: „Плажите се преубави, но во 9:30 наутро веќе нема слободна лежалка“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело