Бојан Најдов за животот во Јужна Африка: „Лесно е да видиш жирафи, зебри, бафала, но има многу криминал и напади“

Што ти се допаѓа во Македонија?

Со добра плата во Македонија може да си дозволиш квалитетен живот, а и ми се допаѓа што е безбедно и мирно за живеење. Сакам да патувам низ Македонија бидејќи има прекрасни места, посебно Охрид и Маврово. Исто така, лесно е за патување во други земји, посебно низ Европа.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan-06.jpg

Живееш на релација Скопје-Дурбан, но кое место би го одбрал за постојан дом?

Засега добро ми е вака. Не ги сакам зимите во Скопје и ниските температури, а па затоа од ноември до април сум во Јужна Африка. Но, ако би морал да одберам тоа ќе биде Македонија.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan-03.jpg

Македонски или јужноафрикански девојки?

Тешко прашање, ако морам да бирам, Македонките.

А зошто?

Бидејќи посветуваат повеќе внимание на себеси, а и на семејството. Поубави се и поатрактивни.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -25.jpg

Кога би имал моќ, што би сменил во Македонија?

Би го сменил менталитетот на многу луѓе, кои се затворени и конзервативни, песимисти се и се фокусираат на статус, наместо на успех.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -04.jpg

Според твоето досегашно интернационално работно искуство, дали Македонија има потенцијал за развој?

Да, затоа и почнав свој бизнис тука. Во Македонија има многу амбициозни и професионално ориентирани поединци.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -21.jpg

На крај, што научи од Македонија, а што од Јужна Африка?

Од Македонија научив да бидам амбициозен и вреден да учам и да вложувам во себе и да бидам упорен, а во Јужна Африка се роди мојата почит кон природата и желба да поминувам повеќе време на отворено, долги прошетки и планинарење. Значи, амбициозноста ми е македонска, а смиреноста јужноафриканска.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -15.jpg

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -20.jpg

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -17.jpg

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -10.jpg

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -18.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg