Бојан Најдов за животот во Јужна Африка: „Лесно е да видиш жирафи, зебри, бафала, но има многу криминал и напади“

Зошто после студирањето во Македонија и Америка повторно се врати во Јужна Африка?

Во тоа време, пред седум години, не ми се допаѓаше ниту Европа, ниту Америка, а не можев да се замислам да живеам во Сингапур или Хонгконг, па се одлучив да се вратам во Јужна Африка бидејќи бев навикнат и имаш добри можности за вработување.

Повеќе сакам да работам и живеам во земји во развој, отколку во веќе развиени земји.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -22.jpg

Во последниве три години живееш на релација Македонија-Јужна Африка. Што е слично, а што различно во овие две земји?

И двете, за жал, се земји каде сè се постигнува со врски. И двете се земји во развој, со голем процент на иселеништво. Но, од друга страна има друштвени и пријатни луѓе.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -24.jpg

Разликата е што во Јужна Африка можеш да си никој и пак да имаш добра работна позиција, да напредуваш и супер да се забавуваш, додека во Скопје мора да си некој или да знаеш некој дури и за да влезеш во бар или ноќен клуб.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -19.jpg

Што најмногу ти се допаѓа во Јужна Африка?

Квалитетот на животот, климата и храната, ноќниот живот и целата природа. Многу е лесно да видиш диви животни како жирафи, зебри, бафала, а сакам да ги посетувам и резерватите, кои се дом на лавови, гепарди и слонови.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -16.jpg

А што не ти се допаѓа?

Тоа што не е безбедно, многу криминал, грабежи и напади. Исто така не ми допаѓа што имаат високи даноци и ниска вредност на националната валута, јужноафрикански Ранд.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -11.jpg

Каков е животниот стандард и цените во Јужна Африка?

Со оглед дека има добар квалитет на живот во безбедните населби и краеви, не е толку скапо.

Кирија во безбедниот дел на градот е околу 500 евра, додека во лошите населби се наоѓа и за 200 евра. Цените во супермаркетите се за околу 20 проценти поскапи од Македонија. Леб и млеко е од 40 до 60 денари. Пицата чини од 350 до 600 денари, пиво во бар од 100 до 200 денари, а за кафе би потрошиле најмногу до 200 денари.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -09.jpg

Каква е јужноафриканската кујна, што најмногу се јаде?

Јужноафриканците, од сите националности кои живеат таму , обожаваат да јадат, а традиционално им е braai или скара. Секој викенд, а и преку недела прават скара со многу месо, најчесто говедско.

Сакаат да одат во луксузни ресторани на вечера и затоа има голем избор на ресторани со различни интернационални кујни.

bojan-najdov-zivot-na-relacija-skopje-durban-juznoafrikanccite-ne-mozea-da-go-izgovorat-moeto-ime-me-vikaa-bohan-ili-bozan -07.jpg

Какви се Јужноафриканците како пријатели, а какви се на работното поле?

Јужна Африка е мултикултурна држава со микс од многу раси и националности, но, главно, тие се друштвени и добри луѓе со отворени видици, но, на работно место се по малку мрзеливи и неамбициозни.

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg