Пар од Скопје за одморот во Ксамил: „Плажите се преубави, но во 9:30 наутро веќе нема слободна лежалка“

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-28.jpg

Иако многумина ни тврдеа дека нема ноќен живот во Ксамил, сепак постојат неколку луксузни „rooftop“ барови кои се на неколку ката и нудат избор за сите вкусови. Од место за вечера и јадење на храна и десерти на првите катови, па сè до забава со коктели и диџеи на последните катови, уживајќи во фасцинантното заоѓање на сонцето.

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-05.jpg

Сепак, иако ноќниот живот започнуваше во 20 часот и траеше до 23 часот поради полицискиот час, нам забавата ни беше доволна ( со оглед на тоа што за на плажа се стануваше во седум часот и на неа се остануваше буквално до седум часот попладнето).

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-31.jpg

Иако полициски час има и започнува во 12 часот ноќта и трае до шест часот наутро истиот беше условно кажано само на хартија. Маската не е задолжителна никаде, тоа е личен избор иако никој не го применува, а единствената маана е тоа што ниту во најлуксузните ресторани нема средство за дезинфекција.

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-32.jpg

И сосема на крајот цените за лежалка на плажите се секаде исти и се 1.500 леќи за две лежалки со чадор или 750 денари. Нескафето на плажа беше 200 леќи или 100 денари, додека иста цена од 100 денари ќе платите и за гиро. Фамилијарната пица е околу 800 леќи, зависно од намирниците во неа, додека мала „Маргарита“ е 400 леќи или пак само 200 денари.

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-22.jpg

За љубителите на морската храна позитивно е тоа што можат да уживаат во сите вкусови за сума која е невообичаена за во Македонија.

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-21.jpg

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-20.jpg

Микс од морски плодови нас нè чинеше 600 денари, додека пак лососот е од цена од 750 денари. За љубителите на пивото истото чини само 150 денари во најлуксузниот ресторан. А, на изненадување на сите кои не можат без македонско пиво, истото од најпознатиот наш бренд го има во секоја локална продавница или маркет.“

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-25.jpg

Повеќе фотки од Ксамил од Дарко и Верче на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg