Пар од Скопје за одморот во Ксамил: „Плажите се преубави, но во 9:30 наутро веќе нема слободна лежалка“

Мештаните беа топло настроени кон сите туристи, а многу од нив нè поздравуваа на македонски или српски јазик, додека дел од персоналот во некои локали го знаеја и целосно нашиот јазик.

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-17.jpg

Класичен центар селцето нема, но има мини тезги поставени на патеката која води кон најголем дел од плажите и рестораните покрај морето. Некои од нив рачно изработените производи или сувенири ги изложуваа и на самиот бетонскиот ѕид од патеката.

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-16.jpg

Плажи има за сечиј вкус и за секоја генерација, единствениот проблем е тоа што местото важи за семејно, па така за нас помладите малку ни беше невообичаено да нема празни лежалки подоцна од 9.30 часот наутро.

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-06.jpg

Градот се буди уште во 7 часот наутро, а заспива во 12 часот навечер.

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-26.jpg

Ксамил е познат по преубавите бели песочни плажи, уникатна и волшебна глетка на тиркизното море како и на добрата забава која ја имаше во дел од кафулињата со диџеи во текот на целиот ден, а дури имаше и пена забави на кои се доловуваше атмосферата слична на онаа на грчките острови.

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-06.jpg

Местото има и три острови кои можат да се препливаат, да се отиде на нив со кајак или пак со педалинка или бродче, а водата околу нив е навистина проѕирна и се гледаат рибите.

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-15.jpg

Она што во вистински сјај го опишува ова мало место е зајдисонцето и сонцето кое буквално се топи во морето.

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-07.jpg

par-od-skopje-za-odmorot-vo-ksamil-plazhite-se-preubavi-no-vo-9-30-nautro-vekje-nema-slobodna-lezhalka-08.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg