Теона Манго за животот во Лондон: „Кириите се многу високи, лондончаните имаат ексцентричен моден стил“
Колку имаше шанса да прошеташ низ Велика Британија? Кое место ти остави најсилен впечаток?
Имав можност да прошетам низ различни делови на Велика Британија, најголем впечаток и место на кое се навратив е Шкотска. Предел со прекрасна природа, архитектура и пејзажи.
Што значи пазарење во супермаркет во поглед на буџетот? Колку чини леб, а колку чини килограм јаболка на пример?
Цените во супермаркет (освен алкохол и цигари) се горе долу исти како во Македонија, некои работи се дури и поевтини од Македонија. Кога станува збор за кирија Лондон е еден од најскапите градови во светот, така што кириите се многу високи (ова не е случај во другите градови во Велика Британија) и поради тоа многу студенти и млади професионалци изнајмуваат соба во стан или куќа.
Цена за метро во еден правец е 2.40 фунти (околу 172 денари), цената на такси се движи од 5 (360 денари), па до 50 фунти (3.600 денари) во зависност од дестинацијата. Кога станува збор за ресторани има различни, од доста скапи до ресторани со прифатливи цени.
Каков моден стил негуваат Британците?
Британците имаат доста различен стил во зависност од кој дел на Британија се. За Лондон конкретно бидејќи е доста метрополитски град со луѓе од различни краеви на светот, се среќава најразличен стил. Но, она што може да се класифицира за лондонски стил е доста екстравагантен и ексцентричен.
Каде одат на летување локалците?
Би рекла на подолг годишен одмор Шпанија, Португалија и Канарски Острови, а за викенд во лето во градот Брајтон.
Повеќе фотки од Теона во Лондон и низ Велика Британија:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело