Јасмина Мукаетова: „На Туркс и Кајкос е најубавата плажа на Карибите, игуани имаше насекаде на островот“

„Ако проверите на интернет пребарувачите каде се наоѓа најубавата плажа на Карибите, ќе добиете информација дека тоа е плажата Грејс Беј, која се наоѓа во Туркс и Кајкос и е токму пред ресортот во кој ние бевме сместени, The Beaches“, раскажува Јасмина Муакетова.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-01.jpg

Јасмина Мукаетова, која имаше успешна музичка кариера во Македонија, веќе 13 години работи и живее во САД. Сега има сосема друга професија и се реализираше во улогата на сопруга и мајка.

Таа обожава да патува со сопругот и двете деца, а омилени ѝ се егзотичните дестинации.

Со неа проговоривме за нејзиното неодамнешно патување на карпискиот остров Туркс и Кајкос:

Колку време живееш во САД, кое место поточно и како си задоволна?

Веќе 13 години, поминаа откога го промениив меридијанот и временската зона. Додека живеев во Македонија и главна преокупација ми беше музиката, многу патував и секогаш се враќав дома, ама една пролет заминав во Америка и повторно згазнав на македонското тло дури после 6 години.

За тоа време, револуција од промени се случија во мојот живот, го сретнав човекот, поради кого останав и ја засакав оваа земја, ги родив двете дечиња кои ми ги променија приоритите, афинитетите и аспирациите во животот, и на крај ја променив професијата.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-12.JPG

Како се одлучивте за одмор токму на Туркс и Кајкос? Колку Американците ја посетуваат оваа егзотична дестинација?

Туркс и Кајкос е преубав тропски остров кој се наоѓа на Карипскиот архипелаг, лоциран многу блиску до Мајами и Доминикаската Република. Тоа е многу атрактивна туристичка дестинација, каде што сезоната трае цела година, поради извонредната температура од просечни 24 Целзиусови степени во текот на зимскиот период и 28 Целзиусови степени во текот на летото.

Островот е многу мал, има само само 31.000 жители, а годишно доаѓаат околу 1.5 милиони туристи, да уживаат во убавините кои природата несебично ги подарила на тоа место.

Песокот има блескава бела боја, а водата е кристално чиста, дури нерално провидна.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-18.JPG

Во кој период од годината беше таму и кој период мислиш дека е најдобро да се посети Туркс и Кајкос?

Бевме на почетокот од април, и можам да констатирам дека поминавме извонредно време, и покрај тоа што бевме резервирани пред да заминеме, со оглед на околностите под кои светот фукнионира моментално и административните процедури потребни за патување.

Во тој период децата го имаа Велигденскиот распуст од училиште и решивме да се тргнеме на кратко од реалноста и сите рестрикции кои ги донесе новото нормално време. Престојувавме во ресортот The Beaches, и сум навистина импресионирана од тоа што беше понудено да се види и доживее таму.

Туристичката сезона во Туркс и Кајкос трае во континуитет во текот на целата година, поготово е актуелна во зимскиот период, за време на празниците, кога температурите на северната хемисфера се релативно ниски.

Јас преферирам да патувам во тропските дестинации токму тогаш, кога времето во Њу Џерси е ладно, тропското сонце и извонредната тропска клима ме регенираат и во духот и физички.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-06.JPG

Колку чини патот дотаму од САД?

Одговорот е многу релативен, и пред сè зависи од личните преференции. За време на празниците и викендите кога има голема заинтересираност за патување и кога се неработните денови, тогаш цените се највисоки.

Исто така многу зависи и од можноста за планирање однапред. Доколку патувањата се купени барем неколку месеци однапред, тогаш, постои веројатност за нешто пониски цени, ама конкретно за Туркс и Кајкос, варијантите се многу минимални.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-13.JPG

Првиот впечаток по пристигнувањето…

Патувањата на тропските дсестинации се многу слични. Првиот впечаток е секогаш чувство на возбуда, почеток на забавувањето на ритамот на функционирање и опуштање. Впечатливо е богатството на бои, бујната вегетација, која тропската клима ја одржува во перфектна форма цела година.

Тоа е убавина за очите и срцето, која ве обзема и станувате свесни дека на кратко ја имате можноста, континенталното сивило да го субституирате со тропскиот спектар на бои. Топлината и убавината стимулираат генерирање на позитивна енергија со која чекорите понатаму.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-09.JPG

Имаше ли рестрикции поради пандемијата?

Во периодот додека престојуваме на островот Туркс и Кајкос, беше на сила полициски час и ограничено движење. Сепак во ресортот, немаше никакви временски ограничувања, тој е огромен по површина и е составен од 4 дела: Карипски, Француски Ки Вест и италијански дел. Ние престојувавме во италијанскиот дел, кој е лоциран на средината од ресортот и беше фантастична локација.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-02.JPG

Зошто Туркс и Кајкос е еден поинаков свет?

Јас не би го издвоила само Туркс и Кајкос, како еден посебен свет, туку Карипските острови воопшто. Во таа група острови претходно ги имам посетено: Бахамите, Доминиканска Република, Јамајка и Аруба. Сите се многу слични и по малку различни еден од друг.

Туркс и Кајкос се разликува од другите по впечатливо белиот песок и беспрекорно бистрата провидна вода. Ако проверите на интернет пребарувачите каде се наоѓа наубавата плажа на Карибите, ќе добиете информација дека тоа е плажата Грејс Беј, која се наоѓа во Туркс и Кајкос и е токму пред ресортот The Beaches, каде што престојувавме ние.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-03.JPG

Дали Туркс и Кајкос навистина е дестинација за совршен одмор?

Да, совршен избор затоа што ги исполнува сите критериуми за идеален одмор. Климата е извондредна, таму владее вечна доцна пролет и исто така ќе имате можност да уживате во бескрајно чистата вода и белите песочни плажи.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-08.JPG

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg