Две Бразилки за CRNOBELO.com пренесуваат впечатоци од Амазонија: „Кај племињата не постои развод – додека смртта не ги раздели“

Две Бразилки преку своите фотографии раскажуваат за нивната посета на Амазонија, скапоценоста на Бразил, тропски рај, дом на многу домородни племиња и недопрена природа која остава без здив.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-01.jpg

Џулиана Гомес Да Паива ја посетила Амазонија во 2017 година, на крстарење низ реката кое траело седум дена и вели дека секој Бразилец треба да посети и почувствува моќта на прашумата.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-02.jpg

„Како Бразилка верувам дека секој од нас треба барем еднаш да појде на ова патување. Искуството во прашумата е едноставно прекрасно. Секој треба да си даде можност да ја види и почувствува Амазонија... Звуците, климата, топлината, аромата, легендите, луѓето... Амазонија ги буди сите сетила. Огромна е, убава е и вчудоневидувачка“ - вели оваа млада Бразилка која воопшто не ги крие своите емоции и додава дека за неа, како Бразилка Амазонската прашума е кралица на животот, бидејќи таа дише, но успеава да те остави без здив со сета нејзина убавина, природа и локално население.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-03.jpg

Вели дека тешко е да одбере кој бил највозбудливиот дел од нејзиното патување. Уживала во пливањетото со Бото, розевите амазонски делфини, за кое вели се диви, но слатки животни и додава дека изгрејсонцата и зајдисонцата на реката Амазон оставаат без здив.

Наутро, кога дивите жители на прашумата се будат сакаат гласно да ја покажат својата моќ, а ноќе, во тишнината се слушаат само крици на будните жители кои го чекаат својот плен.

Џулиана додава дека најтешко за неа било справувањето со екстремните временски услови, топлината и влажниот воздух.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-16.jpg

Секое племе има свој јазик, традиции и култура

„Имав можност да посетам локални племиња кои веќе се навикнати на контакт со странци или со мал дел од она што ние го нарекуваме цивилизација. Има многу домордни племиња кои живеат во Амазонија и секое има свој јазик, религија и обичаи, но некои живеат заедно и делат традиции“ – раскажуваа таа за нејзината средба со локалците.

Додава дека некои имаат навистина интересни традиции и обичаи. Ѝ оставило впечаток што припадници од племето Tukano кои живеат во областа на Црната река, Rio Negro, стапуваат во брак со прирадници од други племиња, меѓу кои и племето Baré.

На тој начин ги одржуваат јазикот и традициите на двете племиња, бидејќи ќе ги учат своите деца и идни генерации, и секој од нив ќе говори по два локални јазици.

Интересен факт за неа е што не постои развод во нивната култура, па така бракот е буквално, додека смртта не ги раздели.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-13.jpg

Оваа млада фотографка открива дека се обидела да види, научи и да открие колку што можела за амазонската шума за време на седумдневната посета.

Сакала да дознае повеќе за културата, историјата и традицијата на своите предци, а крстарењето по Амазон ја приближило не само до природата, туку и до нејзините бразилски корени.

Таа е загрижена дека бизнисот и политика полека го уништуваат ова природно богатство, кое е важно за целиот свет, не само за Бразил.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-07.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-04.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-05.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-06.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-08.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-09.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-11.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-14.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-15.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-12.jpg

За младата фотографка Патриција Денис Пена посетата на амазонската прашума било остварување на детски сон.

Таа вели дека од дете учела за важноста на Амазонија и дека отсекогаш била фасцинирана од неа бидејќи во неа е сконцетрирана голем дел од бразилската култура.

Таа сакала лично да ја види и искуси, бидејќи амазонската дождовна шума е бразилското непроценето богатство.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-32.jpg

Таа раскажува за нејзиното патување и средбата со локалното население, посетата на реки, водопади и прашуми, локални музеи, превкусната традиционална амазонска кујна, и дружбата со тамошните животни како розови делфини, слотови и змии.

Вели таму, на мал пловен ресторан ја вкусила најдобрата риба во животот и многу други традиционални деликатеси типични само за тој дел од Бразил.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-17.jpg

Патриција и брат и ја посетиле Амазонија во јануари 2015 година. Вели поминале две недели патувајќи низ северот на Бразил, истражувајќи ги сите убавини што оваа прашума ги крие.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-31.jpg

Таа открива дека летовите до Амазонија се прилично скапи, и дека Бразлиците преферираат да посетат други држави отколку оваа прашума.

За неа, како Бразилка, Амазонија преставува дел од Бразил кој сé уште негува многу голем дел од нивната култура и историја, кои за светот се сé уште непознати.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-28.jpg

Во Амазонија се живее на реките - пловни цркви, бензински пумпи и ресторани

Патриција била фасцинирана од многу нешта на нејзиното патување. Вели таму се живее на реките и од реките. Нивното патување започнало во Манаус, главниот град на Амазонија, а нивниот пријател ги однел на проштека со брод по реката Амазон.

Патриција вели дека била импресионирана од сите водни и пловни објекти кои се секојдневние за локалците, пловни ресторани, продавници, барови, дури и цркви и бензински пумпи, едноставно цел мал пловен град.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-36.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-25.jpg

Таа вели дека најпредизвикувачкиот, најтешкиот момент од целото патување низ Амазонија е соочувањето со сиромаштијата и лошите услови за живот, потенцирајќи дека во Бразил има голема разлика меѓу богатите и сиромашните.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-35.jpg

„Поминавме четири дена на брод, од Манаус до Белем на Пара. Бродовите се најчестиот начин на транспорт таму. Луѓето патуваат со своите работи блиску до себе за да не ги ограбат, спијат на хамок и делат тоалети, а храна носат од дома или купуваат од малиот бар кој нуди црно кафе и едноставни пецива.

Додека пловевме низ реката, видов деца, со мали моторни бродчиња како доаѓаат до нашиот брод да ни продаваат ореви и вода. Беше лудо да се види колку се умешни локалните деца“ – раскажува таа за своето патување и дополнува дека некои од патниците во пластични ќеси носеле облека и играчки и ги фрлиле во водата за локалното население да ги добие додека се на своите кануа по течението на реката.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-34.jpg

Иако има многу домородни племиња во Амазонија, Патриција се одлучила за посети само едно кое било дел од туристичката понуда. Вели дека не сакала да ги вознемирува во нивниот дом.

Тие посетиле племе кое танцувало за нив и дозволиле да ги фотографираат. Таа објаснува дека Амазонија е многу повеќе од она што луѓето генерално си го замислуваат, тропски рај со домордно население. Вели тоа се луѓе за кои прашумата е дом и имаат навистина тежок живот, посебно племињата и домородците.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-30.jpg

„Ова патување ми дозволи да имам контакт и да искусам дел од Бразил кој е толку силен, убав, важен за нас на културно, политичко и еколошко ниво. Посетата на Амазонија за мене значеше поголемо искуство со мојата историја, мојот народ и мојата култура“ – вели Патриција и додава дека најмногу ќе се сеќава на огромното количество на вода, на прекрасната Црна Река, Rio Negro, која има црна вода и реката Солимое, Rio Solimões, која има жолта боја.

Она што ја маѓепсало е врската меѓу локалното население со античките верувања и обичаи, начинот на кој готват и нивниот спој со природата.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-22.jpg

За неа загрижувачки е фактот што огромен број од нејзините сонародници воопшто не водат сметка за илегалното сечење на шумата кое треба да биде заштитено и презервирано за следните генерации.

Патриција додава дека ниту сегашната бразилска влада, на жалост, не ја вреднува еколошката агенда. Амазонија останува да е проект за зачување на невладини организации и поединци.

На крај, оваа млада Бразилка вели дека вреди да се посети овој тропски рај и нејзин совет е да се посети Амазонија со отворено срце за да се доживее нејзината магија во малите и едностави нешта кои природата ги нуди.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-21.jpg

Амазонија е вистински предзвик кој треба да се доживее, нуди будење на сите сетила и неверојатна поврзаност со природата. Од природното богатство, преку историјата до начинот на живот на локалците и домордците, Амазонија навистина е моќна комбинација на традиција и култура, спакувана во неопишлива природа која треба да се зачува за идните генерации.

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-33.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-29.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-20.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-23.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-29.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-18.jpg

amazonija-niz-objektivite-na-patricija-i-juliana-sredba-so-domorodcite-plivanje-so-rozevi-delfini-i-plovenje-po-rekata-amazon-37.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело / фото: приватна архива на соговорниците

Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg