Иво Ранѓеловиќ посетил повеќе од 50 држави: „Во Камбоџа пренесуваат скорпии во тегла како сувенир, а би живеел во Кејптаун“
Најдобрата работа што ти се случила во странство?
Научив што значи среќа.
Дали си бил ограбен на пат?
Да, ограбен бев во Индонезија, на островот Бали.
Носиш ли сувенири од земјите во кои патуваш?
Сувенири не само што носам, туку ми се најдрагите спомени во животот. Покрај сувенирите, мојата девојка има кутија во која чуваме необични ситници од сите патувања и истите се честа тема на муабет со цел да се навратиме на некое патување.
Доколку можеш да бираш, каде би сакал да живееш?
Од сите градови кои сум ги посетил највеќе се гледам Кејптаун, ЈАР. Водата е на сите страни, храната и климата се прекрасни, со исклучок на силните ветрови на кои човек треба да се навикне. Плажите се полнат преку целата недела, додека викендите се за возење олд тајмери до многубројните винарии кои важат за најдобри во светот.
Како ги организираш патувањата?
Скоро никогаш не сум патувал преку агенција. Патувањата ги организирам сам, во консултација со разни блогови и форуми за патување. Практикувам да се едуцирам за местата пред да ги посетам, со цел полесно ги разберам впечатоците.
Некој совет за оние кои сакаат да посетат далечни дестинации, но немаат храброст да се зафатат со организација?
Мојот совет е да се осмелите да патувате секогаш и секаде. Не постои лоша дестинација.
При тоа, најважен чекор е да го купите авионскиот билет, бидејќи од тој чекор назад нема. Ако немате друштво, ич не се мислете за соло патување. Патувајте, патувајте.
Која е твојата наредна дестинација?
Тешко е да се предвиди со оглед на ситуацијата, но размислувам за тура низ Колумбија, Чиле и Перу.
Во зависност од безбедносната ситуација би сакал да ја посетам Етиопија. Алтернатива се Филипините. Целта е секаде.
Повеќе фотографии од патувањата на Иво:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело