Иво Ранѓеловиќ посетил повеќе од 50 држави: „Во Камбоџа пренесуваат скорпии во тегла како сувенир, а би живеел во Кејптаун“
Најубави жени има во…
Жените се секаде убави на свој начин, но ако морам да проценам би рекол дека најубавите жени се во Бејрут и покрај тоа што не сум бил.
Најмногу те изненади…
Чистите улици во Сингапур, осеката на индискиот океан на островот Занзибар, како и односот на Виетнамците кон сопствената држава.
Најубавата плажа на светот е …
Северо-источниот брег на Занзибар, на потегот помеѓу Нунгви и Пуани.
Најниски цени има во…
Македонија! Постојат многу држави каде што може да најдете пониски цени од Македонија, но најчесто туристичките места во тие држави се многу поскапи, отколку кое било место во државава.
Највисоки цени има во…
Може да ги споменеме Њујорк, Копенхаген, Сингапур, Париз, Стокхолм, но според мене најскап град е Лондон.
Најневерните луѓе живеат во…
Индонезија, но не би навлегувал зошто.
Каде живеат најљубезните луѓе?
Било која друга земја во југоисточна Азија.
Колку Македонија е поврзана со авионски летови со светот? Најдолг лет досега?
Светот е денес подостапен од било кога, во секоја смисла на зборот. За разлика од порано, денес има забележителен раст на можни дестинации од Скопје. Дури и да не се исплати летањето од Скопје, вашето патување може да започне од некоја од соседните држави.
Искрено не можам да се сетам на најдолгиот лет, но да речеме Фу Куоч-Абу Даби-Белград.
Најлошата работа што ти се случила во странство…
Ќе издвојам две. Првото е пожар на брод во Хрватска во непосредна близина на пристаништето на Хвар.
Второто е сериозно труење од храна најверојатно во Есауира или Маракеш во Мароко. Веднаш штом слетав во Италија бев хоспитализиран во болницата во Бергамо. Неубаво искуство.