Сања Спиридоновска има живеено на 2 рајски острови: „Леб на Туркс и Кајкос е 250 денари, а на Маурициус ме однесе љубовта на мојот живот“

Каква е климата во текот на годината?

Во Маурициус се прилично високи температури преку целата година, имаат тропска клима преку целата година. Официјално имаат две сезони, топло и влажно лето од ноември до април каде температурите варираат помеѓу 30-35 степена, и зимскиот период кој владее помеѓу јуни и септември, каде најниските температури на повисоките места можат да достигнат и до 14 степени.

sanja-spiridonovska-ima-zhiveeno-na-2-rajski-ostrovi-leb-na-turks-i-kajkos-e-250-denari-a-na-mauricius-me-odnese-ljubovta-na-mojot-zhivot-03.jpg

Во Туркс и Кајкос исто така преку целата година владеат топли тропски температури. Таму од декември до февруари е познат како зимски период во кој најниските температури достигнуваат до 17-18 степени, а највисоките до 25-26 степени.

Според мене овој период од годината е најубав за посета, климата не е влажна, времето е ветровито и температурите преку ден се најубави за пливање и нуркање. Ова се и месеците кои се најпопуларни меѓу туристите кои доаѓаат најмногу од Америка и Канада.

Од март веќе започнуваат потопли температури и до септември се околу 30-35 степени. Од септември до ноември е сезона на урагани. Туркс и Кајкос беше скоро зафатен од многу силниот ураган Ирма во 2017 година кој опустоши голем дел од околните острови, но и дел од Провиденциалес. Овој период од годината е најкритичен за карипските острови и не е многу посетен од туристи.

sanja-spiridonovska-ima-zhiveeno-na-2-rajski-ostrovi-leb-na-turks-i-kajkos-e-250-denari-a-na-mauricius-me-odnese-ljubovta-na-mojot-zhivot-02.JPG

Каков е јавниот превоз?

Јавниот превоз е доста развиен во Маурициус, сличен е на јавниот превоз кај нас во Скопје, имаат регуларни автобуски линии низ целиот остров, имаат доста такси компании и во моментов се гради метро кое ќе поврзува дел од централните градови на островот, треба да биде готов до 2022 година. Едвај чекам да видам како ќе функционира.

sanja-spiridonovska-ima-zhiveeno-na-2-rajski-ostrovi-leb-na-turks-i-kajkos-e-250-denari-a-na-mauricius-me-odnese-ljubovta-na-mojot-zhivot-10.JPG

Во Туркс и Кајкос јавниот превоз не е многу развиен, таму немаат автобуски линии и немаат такси компании. Единствен превоз на патници се приватните комбиња кои пренесуваат туристи од аеродромот до хотелите. Обично хотелите на островот ги советуваат туристите да изнајмат рент а кар за време на нивниот престој доколку сакаат да посетат други делови на островот.

Јас и мојот сопруг првиот месец по пристигнувањето моравме да аплицираме за возачка дозвола за да можеме да купиме автомобил, бидејќи кога живееш на островот нема друг начин за патување од еден до друг дел на градот.

Колку темпото на живот е поинакво таму?

Животот во Маурициус во споредба со Емиратите, Македонија или Јапонија, каде што сега живееме, можам да кажам дека е лесен. Лесен живот во смисла што тука, како и во Туркс и Кајкос битно е дружењето, социјалниот живот е многу развиен.

Секој со секој се знае, секој со секој се дружи. Фамилијата е од големо значење и не проаѓа недела без собиранка било кај некој дома или на плажа. Има позната изрека во Маурициус што звучи: „La vie est douce à Maurice“ – „Животот во Маурициус е сладок“. Што е вистина, така и јас би го опишала.

sanja-spiridonovska-ima-zhiveeno-na-2-rajski-ostrovi-leb-na-turks-i-kajkos-e-250-denari-a-na-mauricius-me-odnese-ljubovta-na-mojot-zhivot-05.JPG

Во Туркс и Кајкос темпото на живот изгледа како да стои во место, таму сè се работи во успорена верзија, никој не брза, никој не се грижи за небитни работи што се случуваат во светот, никој не го поминува времето во муабетење со часови за политика. Тоа никогаш нема да го заборавам за таму, тоа е типичен карипски остров.

Таму е најбитна музиката, забавата, дружењето, пријателите. Затоа и многу пензионери од Канада и Америка вложуваат во недвижности и го поминуваат остатокот од нивниот живот таму.

Во Туркс и Кајкос не е срамота ако задоцниш 30 минути на забава или состанок, на тоа ми беше малку тешко да се навикнам.

Еднаш едни пријатели нè поканија на првиот роденден на нивната ќерка, и ни рекоа дека таму треба да бидеме во 16:00 часот. И ние бевме на време, точно во 16:00 часот бевме таму. Тие беа малку зачудени но ништо не ни рекоа. Бевме само ние таму, кога дојде 18:00 часот и бевме спремни да си одиме, сите други пријатели почнаа да доаѓаат. Тој ден ни беше голема лекција.

sanja-spiridonovska-ima-zhiveeno-na-2-rajski-ostrovi-leb-na-turks-i-kajkos-e-250-denari-a-na-mauricius-me-odnese-ljubovta-na-mojot-zhivot-04.JPG

Какви се локалците во поглед на љубовните врски, работата, пријателствата? Во што се разликуваат од нас?

Во Маурициус сите се почитуваат исто, без разлика дали се од друга боја на кожа, од различна вера или националност. Сите се еднакви. Тоа е многу битна работа според мене кога живееш во една држава.

Има безброј врски, пријателства и бракови кои се од различна вера, националност или боја на кожа. Тука е тоа многу нормално, и никој никого не покажува со прст. Секој е прифатен еднакво, дали некој е дојден од западноевропските држави или од Африка, нема никаква разлика. Имаме многу да научиме од нив.

sanja-spiridonovska-ima-zhiveeno-na-2-rajski-ostrovi-leb-na-turks-i-kajkos-e-250-denari-a-na-mauricius-me-odnese-ljubovta-na-mojot-zhivot-07.JPG

Во Туркс и Кајкос е скоро исто како во Маурициус, пораснати се со народ околу нив од сите бои, раси и националности. Животот на островот е многу опуштен, најголемите грижи за нив се дали ќе се собереме доволно луѓе за да имаме добра забава овој викенд, или дали океанот ќе биде доволно надојден за нуркање, и какво ќе биде времето утре.

Тука нема трошење на време за тешки муабети, тука мобилните телефони се оставаат дома и се ужива во сегашноста. Децата растат на плажите, без грижи и без таблети и лаптопи. Иако нема многу детски игралишта на островот, плажите, песокот и камчињата им се голема занимација.

Што ти се допадна најмногу на овие дестинации?

Природата дефинитивно, Маурициус е остров богат со преубави плажи и високи планини. Во секој момент има избор за нова активност. Имаат многу смирен и релаксиран живот за разлика од нас Македонците.

Од Туркс и Кајкос социјалниот живот, секогаш ќе ми недостасува, на ниедно друго место немам доживеано толку многу дружење и толку многу забави во толку краток период.

Како изгледа еден ден на жителите на Маурициус/Туркс и Кајкос?

Во Маурициус доколку немаат работа и нема потреба од рано станување, обично се будат околу 08:00 часот. За појадок имаат само бисквита и чај или кафе. Ги гледаат утринските вести, и потоа излегуваат за прошетка покрај плажата или за средба со пријатели/роднини.

Доколку работат, работното време почнува во 08:00 часот наутро, и трае до 14:00 или 15:00 на пладне. Ручекот им е обично околу 12:00 часот, и е многу лесен. За ручек обично имаат ладен сендвич, или тост и салата.

Но, вечерата кај нив е главен оброк, тогаш имаат предјадење, за главно јадење најчесто е пржен ориз или ориз со кари, или пржени нудли на маурициски начин. Ова ми беше една од најтешките работи да се навикнам, бидејќи во Скопје обично вечерата е најлесниот оброк во денот.

sanja-spiridonovska-ima-zhiveeno-na-2-rajski-ostrovi-leb-na-turks-i-kajkos-e-250-denari-a-na-mauricius-me-odnese-ljubovta-na-mojot-zhivot-08.JPG

Во Туркс и Кајкос, повеќето луѓе стануваат рано без разлика дали е викенд или работен ден, доколку е викенд скоро сите се наутро рано во теретана или џогираат на плажа, доколку е работен ден – работниот ден им почнува во 08:00 часот наутро. Работните денови тука траат обично до 17:00 или 18:00 часот, прилично многу.

Во текот на денот повеќето од луѓето ручаат во локално кафуле или локален ресторан покрај плажата. Јадат многу мексиканска и лута храна, кај нив и ручекот и вечерата се прилично тешки оброци, но сè е тоа зависно од фамилијата и нивниот избор.

sanja-spiridonovska-ima-zhiveeno-na-2-rajski-ostrovi-leb-na-turks-i-kajkos-e-250-denari-a-na-mauricius-me-odnese-ljubovta-na-mojot-zhivot-11.JPG

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg