Ниургујана, потекнува од најстуденото место на светот, а сега е во Македонија: „Температурата во декември е -50°C, пиеме вода од мразот“
Во најстудените месеци од зимата, наутро ја проверуваме температурата и ако е под -52°C не одиме на училиште.
Внукот на Ниургујана
По средното училиште се преселив во главниот град Јакутск за да студирам, а таму животот е попријатен.
Ќе ви биде интересно да чуете дека како деца јадевме сладоледи кога одевме или се враќавме на училиште на температура од -30°C или -40°C.
Нашето лето трае само 2 месеци, а температурите може да се искачат и до +35°C, и тоа само околу една седмица. Во текот на летото просечната температура е +25°C.
Дефинитивно уживаме во нашите кратки лета, а понекогаш дури и не спиеме многу затоа што во текот на тие два месеци има бели ноќи, кога сонцето зајдува зад хоризонтот, но без комплетна темнина.
Оваа фотографија е направена во 1 часот по полноќ:
Ние ја славиме нашата Нова година (Ysyakh) на 21-ви јуни, како најдолг ден. Се слави низ цела Јакутиа во чест на боговите и раѓањето на природата по долгата зима. Сите носиме национални костими, готвиме национални специјалитети, го правиме националниот пијалак Kymys од коњско млеко, играме традиционални спортови, го играме танцот ohuokhai, се молиме и го чекаме изгрејсонцето.
Најголемиот организиран танц Ohoukhai кој влезе во Гинисовата книга на рекорди беше во јуни 2012 година кога танцуваа 15.293 луѓе.