Со Моника Потер за патување во време на пандемија: „Авионот до Кападокија беше исполнет до последно место“

Заедно патуваме и „дегустираме“ преку нејзините фотографии и приказни. Моника Потер е меѓу првите во Македонија која почна да се занимава со блогерство и, еве, после толку години неуморно продолжува да го прави истото на својот профил @monikapotter.

monika potter za vreme na pandemijava treba da ste na aerodrom tri casa pred let a vistinska magija e da se leta vo balon za vreme na izgrejsonce 3

Моника Потер за CRNOBELO.com раскажува за нејзиното последно патување во Кападокија, за тоа како го доживува затворањето на граници и споделува интересни случки од нејзините авантури.

Знам дека ти недостасуваат патувањата, ама верувам дека ќе им се навратиме наскоро. Што се случува на твојот професионален план? Приватен? Или она помеѓу?

Изминативе месеци се случуваше сè, а всушност ништо! Буквално така би ја опишала годинава! Во ова време-невреме се приспособувам на новонастанатата ситуација и се трудам да го извлечам максимумот од неа. Искрено, за тоа како не се случува апсолутно ништо, па мислам дека и брзо ми минува времето.

На професионален план многу ми недостасуваат настани, овој период од годината буквално не сум можела да постигнам секаде да стигнам. Од друга страна па не би се жалела, имам многу соработки и проекти на кои можам максимално да се посветам. На приватен план, исто така ми недостасуваат дружби, журки, гушкања, кафани …

Периодов успеав да ги исфилтрирам луѓето во мојот живот и некако се наредија приоритетите сами. Се избистри маглата да видам кој е само епизоден лик, што е минливо, а што останува за навек!

monika potter za vreme na pandemijava treba da ste na aerodrom tri casa pred let a vistinska magija e da se leta vo balon za vreme na izgrejsonce 6

Навикнавме да те гледаме на различни страни од светот. Мароко, Занзибар, Бали, Колумбија … и наеднаш се соочивме со нешто навистина сериозно – глобална пандемија. Како го доживеа затворањето на границите?

Затворањето на границите ми беше скроз нешто ново, ама како за сите, така и за мене! Не само за далечни патувања, имам пријатели во Србија, Косово, често одам за Белград и Приштина и задолжително неколку пати во годината во Солун.

Додуша сега конечно може да патуваме кај соседите без ограничувања, ама во најубавите месец пролет и лето бевме затворени. Се надевам дека ќе се нормализира ситуацијата до мај догодина и ќе бидеме слободни да го поминуваме нашето слободно време во која држава и да посакаме.

Кападокија за време на пандемијава стана доста популарна дестинација, но една и меѓу ретките што беше отворена за туристи во периодот по летото. Како дојде до планот за твоето октомвриско патување?

Мислам дека патувањето во Кападокија ми е единствената светла точка во 2020-та. Видов дека се организира тура и си реков тоа е тоа! Морам да одам! Посебно што летањето со балон ми беше на bucket list.

Навистина ми беше потребно да тргнам мисли од коронава и целата монотонија во Скопје. Плус, колку и да е клише – ми фалеа аеродроми и пакување!

monika potter za vreme na pandemijava treba da ste na aerodrom tri casa pred let a vistinska magija e da se leta vo balon za vreme na izgrejsonce 8

Аеродромите се извор на многу спомени за сите нас. Таму се спојуваме и разделуваме со најблиските, започнуваме нови животни поглавја… Од прва рака, раскажи ни за новото нормално на аеродромите и патување со авион?

Па новото нормално не е нешто многу поразлично од старото нормално. Единствената разлика е што треба да сте на аеродром 3 часа пред лет (наместо два).

Нема воопшто гужва и веднаш ги поминувате сите контроли. На аеродромите смее да влегуваат само луѓе кои патуваат, односно нема придружба. Мерат температура на некои места и мора да се движите со маска цело време освен во делот за храна и пијалаци.

Додека во авионот, на самиот влез добивате комплет за хигиена: маска + влажни марамчиња за дезинфекција. Седите сите еден до друг, буквално четирите лета беа исполнети до последно место.

monika potter za vreme na pandemijava treba da ste na aerodrom tri casa pred let a vistinska magija e da se leta vo balon za vreme na izgrejsonce 7

Верувам дека секој од нас има некакви очекувања пред да стапне некаде за првпат, кои беа твоите за Кападокија?

Да бидам искрена, до скоро за мене Кападокија претставуваше дестинација на која само се лета со балон. И толку. Понудите од агенциите кои ги имаше беа многу саати возење со автобус, сместување во просечен хотел и ако имаш среќа да се погодат временските услови во тие два-три дена може ќе леташ со балон.

Сметав дека е многу тегавење и многу пат за двочасовен лет со балон. Но кога седнав убаво да разгледам што сè нуди тој крај на Турција, кои сѐ факултативи може да се посетат за пет дена, дека се патува со авион до таму, без размислување одлучив да одам!

monika potter za vreme na pandemijava treba da ste na aerodrom tri casa pred let a vistinska magija e da se leta vo balon za vreme na izgrejsonce 9

Додека беше во Кападокија, на твојот Инстаграм профил можевме да видиме интересни објави. Кои места ги посети за време на турата?

Првиот ден летавме со балон бидејќи беа поволни временските услови. Вториот го започнавме со зелената тура и бевме до Пашабаги (Paşabağı), односно лозјето на Пашата.

Таму се наоѓаат карпите ТУФ, со необичната формација на печурка! Пашабаги исто така го нарекуваат и долината на монасите заради црквата на Свети Симеон која е сместена таму. Бевме и во замокот Учхисар (Uçhisar) – највисоката точка на Кападокија, со величествен поглед на Гореме – гратчето во кое бевме сместени.

Потоа следеше „Гореме музејот на отворено“ (Gӧreme Open Air Museum) најубавите цркви вклесани во карпите. Авантурата ни продолжи со посета на долината на имагинацијата – Дервент (Devrent Valley), преполна со природни камени форми со црвена боја, кои генерално претставуваат ликови на животни.

Следен беше Аванос, сместен на брегот на Црвената река (Kızılırmak) која воедно е и најдолга река во Турција. Познат е по глинените работилници и глинени производи, каде посетивме и една работилница. Мештаните во живо ни демонстрираа техники на изработка. Потоа бевме и во и фабрика за теписи и во една винарија. За крајот на овој ден ја оставивме Долината на Љубовта (Love Valley).

Третиот ден пак го прошетавме гратчето Гореме, а на зајдисонце возевме ATV низ долините.

monika potter za vreme na pandemijava treba da ste na aerodrom tri casa pred let a vistinska magija e da se leta vo balon za vreme na izgrejsonce 1

Четвртиот и последен – мистична или црвената тура. Најгенијалното – подземниот град Кајмакли (Kaymakli Underground City), еден од најпознатите подземни градови во Кападокија.

По Кајмакли се упативме кон долината Ихлара. Пешачевме покрај реката Мелендиз во Кањонот Ихлара.

Попатно застанавме на ручек на самата река во селцето Belisirma. Селцето беше прекрасно! По паузата за ручек продолживме до катедралата Селиме, која е најголем камен манастир во регионот. За крај, ја посетивме долината на гулабите (Pigeon Valley) и фабриката Оникс, каде се обработува овој полудраги камења.

monika potter za vreme na pandemijava treba da ste na aerodrom tri casa pred let a vistinska magija e da se leta vo balon za vreme na izgrejsonce 17

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg