Ивана Јариќ: „Љубовта ме одведе во Бразил, јавниот превоз им е ужасен, плажите - рај“

Дали е безбедно да се движиш слободно насекаде?

Во нашиот град да, додека во Рио и Салвадор не, таму има висока стапка на криминал. Кога бевме во Рио ми рекоа да излезам без накит, дури и бурмите ги извадивме, земавме само кеш со нас, и мобилните телефони постојано во рака.

На мојот сопруг Луис му го украдоа мобилниот од џеб на улица во Рио. Има многу кампањи и постери кои предупредуваат на крадци и џепчии. Секако дека не ни се приближивме на опасните зони.

ivana-jarikj-ljubovta-me-odvede-vo-brazil-javniot-prevoz-im-e-uzhasen-plazhite-raj-16.jpg

Какви се цените? 

Кафето е вкусно и евтино, дури и за 1 реал (околу 10 денари) може да се купи шолја црно кафе. Интересно е што пијат само црно кафе во мали шолјички. Очекував повеќе различни вкусови и видови на кафе, но Бразилците преферираат црно и силно кафе.

Пивото варира, лименка пиво меѓу 1,75 до 5 реали (од околу 17 до околу 50 денари) зависно од марка. Увозните пива се поскапи.

Во бар е околу 5 реали (околу 50 денари) едно шише. Каипириња, традиционален бразилски коктел е околу 10 реали (околу 100 денари) во бар или на плажа. Слободно ќе кажам дека Бразилците се зависни од пица и тоа пица на испорака до дома.

Најевтината, само кечап и кашкавал е само 10 реали (околу 100 денари), најскапата околу 35 реали (околу 350 денари). Тие се многу креативни со пиците, има многу вкусови и комбинации.

Каде одат Бразилците на одмор?

Америка, посебно Дизниленд, тоа е сон на секој Бразилец, а и Европа. Имаат многу високо мислење за европските земји.

ivana-jarikj-ljubovta-me-odvede-vo-brazil-javniot-prevoz-im-e-uzhasen-plazhite-raj-10.jpg

Навистина ли се толку вљубеници во танцот?

Дефинтивно, тие прво танцуваат, па проодуваат. Сите знаат самба, но има многу различни танцови, и модерни и традиционални.

Бразилците обожаваат музика, постојано се во ритам и движење, а за викенд од секој дом ечи музика, како да се натпреваруваат кој е погласен.

Какво доживување е карневалот во Бразил?

Во Бразил карневалот е поделен. Светот го знае карневалот во Рио кој е познат по самбодромот и школите за самба. Натпреварот е кој има најдобро украсено возило, макети за презентација на школата за самба и најдобра кореографија. Во Рио и во Сао Пауло карневалот е избор на најдобрата школа за самба.

Но, вистинското лудило е пред карневалот кога има забави во паркови и затворени улици со познати артисти. Иако светот го дефинира Рио како епицентар на карневалот, тој има корени во Салвадор. Јас го имам посетено карневалот во Салвадор.

Главната улица покрај плажата е затворена за време на еднонеделниот карневал, се поставуваат барови, а наместо сцени се користат камиони со звучници (trioelektirco) на кои настапуваат најпознатите бразилски ѕвезди. Вистински хаос на улиците, многу луѓе, танц и пиво.

Традиционално карневалот е во средина на февруари и е пеколно топло, но тоа не ги спречува да се забавуваат цели ноќи. Јас не издржав на улица, па отидовме во бар, кој е монтиран само за тој период и има тераса над главната улица од каде се гледа целото карневалско лудило.

За време на карневалот животот како да се става на пауза и сите дишат и се движат во ритамот на самбата. Фабриките и училиштата се затворени и буквално сите е на одмор.

ivana-jarikj-ljubovta-me-odvede-vo-brazil-javniot-prevoz-im-e-uzhasen-plazhite-raj-04.jpg

Што би донела од таму во Македонија и од Македонија би однела таму?

Во Македонија би донела малку од бразилскиот дух на безгрижност и забава, и секако нивните зачини кои даваат арома и неодолив вкус на храната. А од Македонија да можам би си ги донела семејството и пријателите, и куфер полн со биено сирење, ајвар и кафе. Иако сум во Бразил, сепак нема подобро од нашето кафе.

ivana-jarikj-ljubovta-me-odvede-vo-brazil-javniot-prevoz-im-e-uzhasen-plazhite-raj-17.jpg

Можеш ли да замислиш таму да дочекаш пензија?

Искрено немам размислувано на пензија, но мојот сопруг веќе планира да се пензионира во Охрид.

Уште фотки од Бразил:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

 



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грциј... „Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на...
Александра од Скопје ја посети Шри Ланка: „Ја направив фамозната фотка од воз на инфлуенсерките, но ... „Сите што сакаат да ја направат познатата фотографија, обично букираат втора или...
Ивана и Ману патуваа низ Патагонија со велосипед: „Поминавме 2.460km за 2 месеца, носевме по 25kg ба... „Почнавме од Чиле. Сакав да се откажам уште од првиот ден“, раскажува Ивана од М...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg