„Дојран е прекрасен во секое годишно време“ - Доживејте го низ објективот на Спасе Манев
- Детали
- сабота, 26 септември 2020
„Секој кој го посетил Дојран, ја почувствувал неговата медитеранска клима, топлината и гостопримливоста на народот, евтините цени, топлото и лековито езеро... Не е можно да не го сакате овој град“, вели 30-годишниот Спасе Манев.
Спасе Манев (30) од Скопје е вљубеник во Македонија, а омилена дестинација му е Дојран.
Тој постојано низ разни Фејсбук групи ги промовира убавините на нашата држава, а особено на овој мал град во југоисточниот дел од Македонија.
На прашањето „Зошто толку многу го сака Дојран?“, тој за CRNOBELO.com открива:
„Секој кој го посетил Дојран, ја почуствувал неговата медитеранска клима, топлината и гостопримливоста на народот, евтините цени, топлото и лековито езеро, а токму тие се причините зошто и јас го сакам Дојран.
Дојран е прекрасен во секое годишно време, па затоа и го посетувам во сите годишни времиња и е една од моите омилени дестинации во Македонија.“
Доживејте го Дојран низ објективот на Спасе Манев:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело