Приказната на Дарко Шкутоски - Кога го поседуваш Volkswagen T3, животот ти се претвора во авантура

Приказната за Дарко Шкутоски од Скопје поседува нешто што многумина можат да се пронајдат во неа. 

Koga go poseduvash volkswage t3 kombeto na mirot i ljubovta zivotot ti se pretvora vo avantura 1

Животот во населбата Ѓорче Петров, која Дарко ја смета за свој дом, заедно со добри другари му помогнале да прерасне во она што мечтаел уште како дете, а тоа е да го разбуди авантуристот во себе и да се препушти на патиштата што живот значат.

„Будењето на авантуристот во мене се случи на мојата 14-годишна возраст кога за прв пат самостојно со моите другари и другарки се организиравме да одиме на летување и кампување во градот Охрид, каде што од планираните 7 дена, 5 дена ги поминавме во градот, а останатите два на врвот од прекрасната Галичица.

Тие последни 2 дена за мене беа воодушевувачки! Прекрасниот поглед кон езерото, Охрид, Преспа, шумите и ливадите, а она што најмногу ме исполни од сето тоа беше залезот на сонцето. Тогаш за првпат во мојот живот се осетив слободен и исполнет.

Едноставно кажано како да го имав светот на дланка. Тоа за мене беше она вистинското, кое секој човек треба да го доживее“, раскажува Дарко Шкутоски, кој во тој период почнал да ја воочува вредноста на животот и изворот на енергијата во себе.

Koga go poseduvash volkswage t3 kombeto na mirot i ljubovta zivotot ti se pretvora vo avantura 3

По првичното авантуристичко доживување, Дарко со својата екипа почнале уште повеќе и поактивно да кампуваат, да планинарат на различни места во Македонија.

Инспириран од дотогашното искуство, на своите 22 години, Дарко добил идеја да набави комбе кое воедно ќе го олесни нивното патување и ќе си овозможат поразлично уживање од порано.

Koga go poseduvash volkswage t3 kombeto na mirot i ljubovta zivotot ti se pretvora vo avantura 4

„Се одлучив за комбето на љубовта и мирот - Volkswagen T3, произведено во 1982 година и се вложив максимално да го направам да изгледа онака како што го замислував. Тоа не ми претставуваше никаков проблем, напротив, имав уште поголем поттик и задоволство, затоа што со тоа започнав активно да ги остварувам моите соништа“, се присетува Дарко на еден од највозбудливите периоди од неговиот живот.

Koga go poseduvash volkswage t3 kombeto na mirot i ljubovta zivotot ti se pretvora vo avantura 5

После 6 месеци напорна работа, откако комбето го добило својот финален изглед, следувале еден куп авантури. Неговата прва дестинација била Попова Шапка каде престојувал 3 дена со неговите другари Адриан и Златко.

За време на престојот, ги запознале Миха и Катрин од Чешка, кои по целодневна комуникација и дружење, кога странците виделе дека имале комбе ги замолиле да престојуваат во него една вечер заедно со нив.

Нормално, Дарко и компанијата се согласиле по што следувала луда вечер, пропратена со гитара, пеење и пиење.

Koga go poseduvash volkswage t3 kombeto na mirot i ljubovta zivotot ti se pretvora vo avantura 6

„Се зачудив од самиот себе колку само малку треба за среќа, колку само малку треба за пријателство, колку само малку треба за почит, а резултатот на сето тоа е љубовта и мирот.

Тоа е она без кое ниедно суштество на планетава не може да опстојува“, додава Дарко, кој е подготвен за нови предизвици во животот.

Во моментот најголем предизвик му е да ја обиколи Европа со неговото патничко комбе, за кој подвиг веруваме дека ќе се реализира наскоро.

Koga go poseduvash volkswage t3 kombeto na mirot i ljubovta zivotot ti se pretvora vo avantura 10

Koga go poseduvash volkswage t3 kombeto na mirot i ljubovta zivotot ti se pretvora vo avantura 10

Koga go poseduvash volkswage t3 kombeto na mirot i ljubovta zivotot ti se pretvora vo avantura 10

Koga go poseduvash volkswage t3 kombeto na mirot i ljubovta zivotot ti se pretvora vo avantura 10

Koga go poseduvash volkswage t3 kombeto na mirot i ljubovta zivotot ti se pretvora vo avantura 10

Koga go poseduvash volkswage t3 kombeto na mirot i ljubovta zivotot ti se pretvora vo avantura 10

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg