Силве и Тони од Скопје на патувачка мисија - да го гушнат светот со мотор

Силве и Тони, освен што се брачен пар од Скопје, тие се авантуристи и космополити, но пред сѐ големи вљубеници на мотори. 

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 1

Всушност, моторот го сметаат за нивно чедо, трет член од нивното семејство со кое го живеат животот повеќе децении. Заедно ги споделуваат сите прилики и неприлики, моторот им е чедото со кое долги години сонувале да тргнат во прегратка на светот, и да го добијат четвртиот член на семејството – топлата прегратка на заобиколениот свет.

На 20 јуни 2018 година, Силве и Тони тргнале од Скопје и преку Бугарија, Турција, Грузија, Русија, Казахстан, Узбекистан, Киргистан, Таџикистан, Индија, Непал, Мјанмар, Тајланд, Малезија - стигнале до Индонезија, каде со брод го пратиле моторот во Перт, Австралија.

Во Австралија досега возеле преку Западна Австралија, Јужна Австралија, преку Австралиската престолнинска територија до Нов Јужен Велс. Нивните авантури секојдневно ги објавуваат на Фејсбук страната Гушни го светот.

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 14

„Идејата тлееше повеќе години во нашите мисли. Сметавме, пресметувавме, правевме различни маршрути на светската мапа, и речиси секогаш, со тешко срце, ама оправдано се повлекувавме од една единствена причина - немање доволно финансиски средства за да успееме.

Како и да е, минатата година падна одлука во стилот на „Да се биде или не“, ќе тргнеме со тоа што го имаме, со помош на нашиот спонзор Кожувчанка; верувајќи дека на патот на прегратките ќе наидуваме и на таква поддршка, која ќе ни биде неопходна да продолжиме понатаму. Тоа полека се остварува, и секогаш сме среќни кога ќе разбереме дека некои мото клубови и поединци од држави далеку од Македонија, познати и непознати, кои ја следат нашата мисија, несебично ни помагаат.

Така стасавме до Австралија во која нашите иселеници не дозволуваат да се чувствуваме далеку од дома, напротив нè пречекаа со широко отворени раце“, споделуваат Силве и Тони и сведочат како со секој изминат километар нивниот сон станува реалност.

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 13

Големата желба, самодовербата и, секако, несебичната поддршка од нивните сонародници, пријатели и сѐ поголемиот број на поддржувачи низ светот се нивната мотивација за да продолжат понатаму.

Со буџетот со кој се осмелиле да тргнат во оваа авантура, сигурно ќе се врателе од Русија, или можеби од Узбекистан, но еве, речиси се наоѓаат на половина од нивното патешествие, и сѐ повеќе веруваат во нивниот конечен успех.

И покрај тоа што нивниот договор со генералниот спонзор им завршил, и тоа што Министерството за култура не го поддржал проектот, нивната надеж не се гасне.

И веруваат дека ќе најдат средства од нови донатори и спонзори со кои ќе го заокружат проектот Гушни го светот и ќе успеат до крај да ја раскажат приказната во Македонија.

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 3

„Имавме многу интересни доживувања. На влез во Узбекистан, на температура од скоро 40 C°, на граничниот премин налетавме на вистински сообраќаен хаос. Полицаецот ни покажа да се паркираме на страна и ги викна колегите цариници со куче да го проверат мотоциклот.

Кучето го издушка мотоциклот, ама најверојатно ние му бевме поинтересни и дојде и почна да си игра со нас. Цариникот луто ни покажа да се тргнеме на страна и ја повтори наредбата. Кучето подушка и вртејќи со опашката повторно дојде да игра. Почнавме да се смееме и да си играме со кучето. За жал само после неколку минути нашата насмевка ја снема.

Добивме наредба сѐ да извадиме од мотор и да ставиме на една маса. Така во комплетна опрема на плус 40, неколку саата седевме на граница сè додека лутиот цариник не одлучи да нè пропушти“, раскажуваат авантуристите на мотоциклот.

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 4

Силве и Тони додаваат дека на луѓето секогаш им е добредојдена прегратка, насмевка, мирољубивоста и топлината со која им приоѓаат и на наполно ист начин им се враќа.

Се увериле дека кај луѓето, без разлика на верата, нацијата, бојата на кожата и обичаите, прегратката колку и кусо да трае дава љубов, топлина, мир и чувство на среќа.

Научиле дека во тој дел луѓето секаде се исти, дека имаат исти сфаќања и разбирања за животот. Тоа е она што го очекувале, ама и што го доживеале, научиле.

Токму ова им ја зголемило надежта и вербата дека нивната мисија ќе успее. Дека Силве и Тони ќе го добијат својот четврт член на семејството – „гушнатиот свет“.

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 10

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 10

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 10

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 10

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 10

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 10

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 10

silve i toni od skopje na patuvacka misija da go gusnat svetot so motor 10

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg