Патувањето на Around Gaia продолжува: „Комбето е сега наш дом и ќе посетиме што е можно повеќе места“

Да се патува четири години со мотор, да се живее од ден за ден, да се посетат 70 земји и да се поминат 170.000 километри, без никакви планови и организации е подвиг достоен за почит. 

patuvanjeto-na-around-gaia-prodolzuva-kombeto-e-sega-nash-doma-i-ke-posetime-shto-e-mozno-povekje-mesta-1.jpg 

Зошто само на тој начин животот може да се искуси на вистински начин. Без многу очекувања, но со несебична надеж, сонот на Ивана и Ману стана реалност.

Поточно приказната за @aroundgaia започна да се раскажува. Дури успеаја да стигнат и подалеку од што самите мислеле дека можат. Едноставно, кога правиш нешто што најмногу го сакаш, нешто што те прави среќен и во кое веруваш, тогаш не постојат пречки. Ова се нивните зборови после години и години патување.  

„По завршување на пат околу свет со мотор, одлучивме да продолжиме со истиот начин на живот, само овој пат решивме моторот да го замениме со нашето старо-ново комбе. Првичните припреми беа прво Ману да положи во Шпанија за возачка за автомобил и да најдеме комбе. Сето тоа се одвиваше многу брзо.

Комбето го купивме од Барселона и го донесовме во Скопје, каде неколку приватни компании се понудија да нè спонзорираат и комплетно да го опремат како што за ентериерот, екстериерот и за електрика. Кога целиот тој процес од патничко возило да направиме дом во движење заврши, на Ману му соопштија дијагноза дека има рак на бешика и големото патување го ставивме на кратка пауза додека да се реши здравствениот проблем, но никојпат не се откажавме“, раскажува Ивана.

Patuvanjeto na around gaia prodolzuva kombeto e sega nash doma i ke posetime shto e mozno povekje mesta 13

За нив патувањето претставува живот, и едноставна терапија за среќа, па затоа помеѓу периодот од терапија и контроли, одлучија да се вратат во Македонија, да го земат комбето и да патуваат. Овој пат не многу далеку како што им била првичната идеја. Ивана и Ману одлучиле да патуваат низ Балканот и Европа. Возеле од Македонија до Шпанија, преку Јадранскиот брег.

Patuvanjeto na around gaia prodolzuva kombeto e sega nash doma i ke posetime shto e mozno povekje mesta 9

„Патувањето со комбе е поразлично од она што го остваривме со моторот. Можам да кажам многу поудобно. Нема зима, и покрај тоа што патувавме во зима, сепак многу малку осетивме. Во комбе си како во кутија, заграден од сите страни, не се чувствува ни ладно, ни топло, не се осеќа ни ветерот, ни дождот, но не се осеќа ни мирисот на планините, на селата, на дождот. Иако на мотор е многу потешко, сепак ни недостасува тоа чувство. 

Патување со комбе е поудобно како што кажав, имаме кревет и не моравме секојдневно да бараме каде ќе преспиеме, имаме доволно храна и вода во секое време, и повеќе простор за фото и видео опрема и облека, што немавме на моторот. И двете патувања имаат свои убавини, но сепак поразлични, но за нас најбитно е што се движиме“, открива Ивана.

Patuvanjeto na around gaia prodolzuva kombeto e sega nash doma i ke posetime shto e mozno povekje mesta 3

Во Франција се паркирале на една плажа за да ја поминат ноќта. До нив имало кампер камион од Германија. Излегол човек во години, по краток разговор ги однел од едната страна на камионот и им ја покажат картата на светот.

Целата исцртана со линии. Линиите претставувале сите места каде тој и неговата 89 годишна сопруга, заедно ги поминале последните 30 години. Тој кога ги сретнал се присетил на нивната младост и со солзи во очите им раскажувал додека се присетувал на сите убави моменти.

Кога го прашале која е тајната за нивната добра форма на 89 години, тој само им кажал: „Патувајте, бидете среќни и спортувајте. Тоа е најважно“.  

Patuvanjeto na around gaia prodolzuva kombeto e sega nash doma i ke posetime shto e mozno povekje mesta 2

„Со комбето големото патување ќе го започнеме оваа година, по завршување на терапијата на Ману за ослободување од ризик за повторување на рак. Конкретен план за конкретна рута немаме, првичната идеја беше да започнеме од Северна Америка сè до Јужна, па потоа Африка.

Но сега се мислиме да одиме накај Азија. Комбето е сега наш дом, ќе посетиме што е можно повеќе места, и ќе се потрудиме да бидат поразлични од оние што ги поминавме со моторот“, споделува Ивана, возбудена за сите нови патувања што ги чекаат.

Patuvanjeto na around gaia prodolzuva kombeto e sega nash doma i ke posetime shto e mozno povekje mesta 4

Како за крај, авантуристичкиот пар вели дека секој човек треба  да патува, да истражува и да се наградува себеси. Да биде среќен и да ги почитува различностите. Ако може да помогне некому.

„Животот е патување и никојпат не знаете што ќе ви донесе после секоја наредна кривина. Ве поздравуваме и наскоро ќе имаме многу интересни приказни, фотографии и видеа од светот“, отпоздравуваат Ивана и Ману.

Доколку сакате да прочитате повеќе за нивните минати и идни авантури, посетете ја нивната веб страна  и „лајкнете“ ја нивната фејбуск страна.

Patuvanjeto na around gaia prodolzuva kombeto e sega nash doma i ke posetime shto e mozno povekje mesta 6

Patuvanjeto na around gaia prodolzuva kombeto e sega nash doma i ke posetime shto e mozno povekje mesta 6

Patuvanjeto na around gaia prodolzuva kombeto e sega nash doma i ke posetime shto e mozno povekje mesta 6

Patuvanjeto na around gaia prodolzuva kombeto e sega nash doma i ke posetime shto e mozno povekje mesta 6

Patuvanjeto na around gaia prodolzuva kombeto e sega nash doma i ke posetime shto e mozno povekje mesta 6

Patuvanjeto na around gaia prodolzuva kombeto e sega nash doma i ke posetime shto e mozno povekje mesta 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg