Павлина Ефтимова по 5 седмици во Индија: „Сообраќајот е хаос и бев искарана поради непочит кон стаорец“
- Детали
- среда, 26 септември 2018
„Индија е земја на различности - јадење на улица во Индија е 20 денари, а пиво во елитно диско 350 денари, еден човек проси, а тој спроти него има три килограми злато на него“, раскажува скопјанката Павлина Ефтимова.
Павлина Ефтимова е 29-годишна девојка од Скопје која поради професионални обврски во IT секторот од својата компанија беше испратена на 5-неделен престој во Индија.
Таа е вљубеничка во патувањата, но открива дека во приватна режија никогаш не би се сетила да ја посети Индија, сепак е пресреќна што имала таква можност и дека носи незаборавни спомени оттаму.
Градот кој го посетила се наоѓа на југот од Индија, се вика Бангалор и е трет по големина во оваа држава. И за разлика од очекувањата од Индија, таму немало ниту змии, ниту маларија.
Во разговор за CRNOBELO.com Павлина ги открива своите впечатоци од Индија:
Индија во една реченица…
Индија е земја на култура и вредности, земја на спиритуалност, земја на различности и убав хаос, земја на зачини, земја на колорит, земја со прекрасна природа…
За сообраќајот…
Кога ќе излезете на улиците гледате неверојатен хаос од милиони автомобили. Нема семафори и возачите си сигнализираат со помош на мавтање со рака и изненадувачки е што тоа кај нив навистина функционира и за време на мојот престој таму не видов ниту една сообраќајна незгода.
Постојано трубат на свирките и дури и кога сте во затворена просторија ве излудуваат и мора да ги затворите прозорците. Вревата е константна.
За позитивната страна на Индијците…
Индијците се инспиративни затоа што секогаш се релаксирани. Кај нив нема нервози, нема кавги.
За ноќниот живот…
Во дискотеките излегуваат само припадниците на еден мал, што би се рекло најелитен круг. Ние бевме во „Skyye“, еден од најпознатите локали во Багалор. Другите Индијци како да сметаат дека не се достојни за таму, дека не се на потребното ниво. Некои од нив дури нè прашуваа нас како изгледала забавата во ноќните клубови. Навистина се конзервативни.
Инаку, тие што излегуваат се дотеруваат, но на некој нивен начин, далеку од актуелните светски трендови и имаат многу чудни танци. Кога ги гледате ви изгледаат како да се припадници на некоја племенска заедница. Се вртат во круг, испуштаат чудни звуци и навистина беше сцена каква што немав видено дотогаш.
Сепак, луѓето што излегуваат на овие места се истакнуваат од другите што ќе ги видите во Индија. Дури и цените во овие локали се драстично повисоки. Пиво на пример е 350 денари.
Има многу хомосексуалци и тие отворено се прегрнуваат, се држат за рака и танцуваат заедно. Во Индија биле легализирани и хомосексуалните бракови.
За нивниот изглед…
Повеќето Индијци се дебели и ниски. Кожата им е темна и не обрнуваат многу внимание на хигиената и изгледот. Речиси сите жени, па и некои мажи ја имаат препознатливата точка на челото.
За стаорците по улиците…
Како што во Македонија гледаме мачки по улиците, така во Индија има стаорци од кои некои се големи и колку мачки со средна големина. За нив стаорците се свети животни и тие насекаде си се движат слободно. Во една пригода додека излегував од хотелот ми помина стаорец пред нозе и изреагирав бурно, кога еден Индиец ми упати осудувачки поглед, нешто ми викаше и потоа кажа молитва кон стаорецот. Најверојатно сум го навредила со моето однесување.
Имаат дури и храм посветен на стаорците.
Инаку, интересно беше што по улиците сите бездомни кучиња беа од расата Шиба Ину.
За нивната религија…
По улиците Индијците имаат мали камени мини храмови посветени на нивните божества. Имаат и скулптури кои ги китат со цвеќе и облека. Најмногу му се молат на слонот Ганеша. На секој половина час оттаму се огласува молитва и Индијците постојано си се молат.
Во храмовите смеете да влезете само по чорапи и при посетата сите патики и чевли ни ги фрлаа во куп.
За хигиената…
Тие се нечист народ и ако ја посетувате Индија би ви препорачала строго хотел со 5 ѕвезди. Навистина не внимаваат на хигиена. Веќе по 12 часот напладне сите мирисаат на манџа, дури и на состаноци затоа што тоа јаделе некој многу зачинет оброк, и може да ждригнат или испуштат гас среде деловна средба. Тоа им е сосема нормално, ние бевме запрепастени.
Дури мислам дека се капат еднаш во седмицата затоа што од половина недела натаму поголемиот дел од нив мирисаат на пот. Ова е особено страшно кога се возите во лифт каде се пикаат многу луѓе наеднаш и едноставно не можете да дишете од непријатната миризба. Може и да ви се слоши.
Косата често им е многу масна, а мислам дека токму поради тоа што не ја мијат често и не ја фенираат им е толку убава и здрава.
За начинот на работа…
Работат по 10 часа на ден со пауза од околу час и половина. Воркохолици се, сакаат сè да научат и многу ја ценат тимската работа, за разлика од кај нас. Кај нив нема фин и умерен пристап, туку шефовите ако треба врескаат и на цел глас. Страв и трепет се за вработените.
Работниот ден приближно им трае од 9 часот наутро, до 19 часот навечер и имам впечаток дека кај нас повеќе се лежи отколку од Индија, иако можеби тие што ја немаат посетено оваа земја имаат поинаков впечаток.
За исхраната и пијалаците…
Имаат лошо бескофеинско кафе, а најмногу пијат индиски чај со млеко, што им е наследено од Британците.
На паузата за јадење на работа сите носат храна од дома и делат сè меѓу себе. Сето тоа се става на една маса и којшто сака си зема. Јадат само со едната рака бидејќи сметаат дека другата е нечиста. И дури и ориз фаќаат со прсти, го вртат во топче и така го јадат без прибор.
Многу од нив купуваат и евтина храна од уличните тезги. Чини само 20/30 денари оброк, но треба да имате желудник да го јадете тоа. Се готви во многу лоши услови и ние немавме храброст да пробаме.
Јадевме храна од проверени ресторани и традиционалните јадења им се прекрасни, но бидејќи има многу вкусови и зачини во едно по само неколку дена најверојатно ќе имате проблеми со стомакот.
Инаку, водата од чешма не се пие и е многу нечиста, на моменти дури кафеава.
За семејството…
Кај нив основа е семејството, па дури потоа следува професионалната надградба. Од моето искуство таму забележав дека тие се веќе во брак до кај 20/21 година, добиваат дете, па дури потоа се запишуваат на факултет и почнуваат да работат.
Голем дел од нив се традиционални и живеат во големи куќи со нивните чичковци, тетки, братучеди, односно со поширокото семејство.
Животот на Индијките зависи во голема мерка од тоа дали земале традиционален или модерен маж. Тие се многу фини, но затворени се и навистина е тешко да ве поканат во нивниот дом.
За цените…
Цените се приближно како кај нас. Иако сите очекуваме евтино кога помислуваме на Индија, сепак нема евтино ако сте странец. На пример транспорт со рикши, скромно такси со 3 тркала, е евтино, но на странци им наплаќаат поскапо. Пример ако за Индијците е 20 денари возењето, на нас како странци ни наплаќаа по 90 денари.
Се обидуваат да ве ограбат во секој момент на ваков начин. Но, инциденти од типот на напади и кражби немавме.
За културата на народот…
Индија е земја на спротивности, па така може да шетате во луксузен трговски центар со врвни модни брендови и убав народ, а потоа да појдете на пазар и да видите како маж уринира на јавно место. Оваа навика им е нешто сосема нормално.
Еднаш, за жал, видовме и еден како прави нешто повеќе од тоа. На поле култура Индијците не еволуирале дефинитивно.
Може да видите некој сиромав човек како пита, а на километар од него најново Ferrari со сопственик кој има 3 килограми злато на себе и облечен е од глава до петици во Versace.
Инаку многу Индијци, најчесто деца, кога ќе видат бел турист се воодушевени и сакат да се сликаат со него. Имавме такви ситуации и не знам зошто, но на белите луѓе гледаат како на богови.
За опседнатоста со злато…
Во Индија се 11 проценти од светското злато. На секои 200/300 метри на улиците има по една златара и таму крца од жени што купуваат златен накит.
За храмовите…
Заштитен знак на Индија се позлатените храмови. Станува збор за прекрасна архитектура. Имаат низа статуи пред кои луѓето се молат, практикуваат некои ритуали и си палат стапчиња орхидеја.
За облеката…
Имаат прекрасни марами, но оние што се направени од свила чинат преку 100 евра. Нивната традиционална облека сари е преубава. Сари има во секоја боја, а жените носат и многу шалвари извезени со разни дезени.
Инаку жените немаат практика да се шминкаат секојдневно и на работа речиси сите одат во сари. Во компанијата со која соработувавме од околу 200 жени само една носеше фармерки и тоа повторно искомбинирано со некоја нивна долга традиционална кошула. И мажите носат традиционални кошули.
За нивните одмори…
На час, два со авион им се Малдиви, Дубаи, Тајланд и патуваат повеќе пати во годината. Постојано штедат пари за тоа и за тури низ храмови низ Индија.
Практика е сите во семејството да ги собираат парите на едно купче и често Индијки што земаат и по 1.000 евра плата одат постојано само со една чанта скромно облечени на работа.
За хигиената…
Во Индија сè мириса на старо и застојано поради огромната влажност на воздухот и поради фактот што Индијците не се оптоварени со хигиената. Во хотел со 3 ѕвезди може да наидете на прашина, на дамки по постелнината и да спиете со глувци.
Сепак, во подобрите хотели ќе имате одличен прием и љубезност, каква што не сте виделе во Македонија. На крајот од нашиот престој, сопственикот на хотелот ни приреди забава со неверојатна трпеза и покани низа индиски бизнисмени на дружба со нас. Сето тоа на негова сметка.
За јазикот…
Тие мора да зборуваат англиски на работа, но имаат многу лош акцент и едвај ќе ги разберете. Понеобразованите Индијци и воопшто не знаат англиски и со нив не можете да воспоставите никаква комуникација.
За Индија како туристичка дестинација…
Индија не е за сечиј вкус, треба да си авантурист и да очекуваш сè и сешто и да си добро информиран каде идеш и што правиш за да не се вратиш комплетно разочаран. Сиромаштијата ќе ја видите веднаш штом ќе се оддалечите од аеродромот по слетувањето, но јас уживав затоа што оваа земја е едно навистина уникатно искуство.
Фотки од нејзиното патување:
С. С. | Црнобело