Маријана живее во Прага: „Чешките парови страсно се бакнуваат среде улица, има многу Македонци - од мајстори до инженери“

„Љубовта тука се изразува во метро, во трамвај, во автобус, на улица, на културен настан, пред рецепција со страсни бакнежи, прегратки и сл. Воопшто не се срамат од љубовни допири и веднаш знаете дека парот е чешки“, вели Маријана Стеваноска (48) од Скопје, професор по германски јазик.

marijana-zhivee-vo-praga-cheshkite-parovi-strasno-se-baknuvaat-srede-ulica-si-naogjam-majstori-preku-makedonci-vo-cheshka-01.jpg

Маријана Стеваноска (48) од Скопје е професор по германски јазик, м-р за менаџмент за човечки ресурси, а сега работи во сектор финансии за германски пазар во американска корпорација.

Таа живее во Прага со синот, самохрана мајка е и на шега вели дека е разведена подолго отколку што била мажена.

За животот во Чешка таа открива за CRNOBELO.com:

Колку време живееш во Чешка и како се одлучи на ваков чекор?

Во Чешка, конкретно во Прага, сум веќе осум години. Ја почнав осмата година баш на мојот роденден.

Некако непланирано сè ми се случува на роденденот. На роденденот 2018 година го потпишав првиот работен договор со Амазон, како и договорот за изнајмување на првиот стан во Прага.

marijana-zhivee-vo-praga-cheshkite-parovi-strasno-se-baknuvaat-srede-ulica-si-naogjam-majstori-preku-makedonci-vo-cheshka-12.jpg

Чешка не беше мој конкретен избор, но судбината ете ме донесе во најубавиот град и најубавата држава, после Македонија.

Претходно одреден период живеев во Берлин, Сиднеј, Брисел и кратко во Италија.

Скопје, како град едноставно не беше доволно голем за моите апетитите по одреден период. Петнаесетина години работев како професор по германски јазик и, иако имав доволно за нормален живот, немав сигурност како самохрана мајка.

Мојот дух и упорност не ми дозволуваа да останам мирна и секаде каде што се бараше германски јазик како предуслов за работа, конкурирав, а во меѓувреме се запишав на постдипломски на Менаџмент на човечки ресурси.

Колега од факултет ме препорача во Амазон во одделот за човечки ресурси и по неколкуте успешни интервјуа, решија да ме примат.

Ете коцките се поклопија и се најдов во Прага. Берлин и Сиднеј едноставно „не ме сакаа“ со огромните облакодери, но затоа на шега секогаш велам „Прага ме најде мене, ме присвои и ме освои“ на прв поглед со прекрасната архитектура, ниските згради, влијанието на стиловите, космополитската страна, прекрасната географска поставеност, а најмногу заради прекрасната едноставност.

Не постои едноставен град, но овде го немате чувството на стрес, метеж или вознемиреност.

marijana-zhivee-vo-praga-cheshkite-parovi-strasno-se-baknuvaat-srede-ulica-si-naogjam-majstori-preku-makedonci-vo-cheshka-13.jpg

Зошто токму Чешка?

Во тој момент, можеби и немаше да бирам во која земја да живеам. Не беше конкретно Чешка, но сега кога би требало повторно да бирам, согледувајќи ги сите предности од денешна гледна точка и животното искуство пак би ја избрала Чешка.

По осум години, увидов дека странците во оваа држава имаат големи предности, а може да кажам посебно ние Македонците, затоа што имаме билатерални договори со Чешка и некако нè почитуваат и сè ни е полесно, а посебен интерес покажуваат кога ќе им кажете дека сте од Македонија.

Од друга страна, овде ги остварив сите зацртани животни планови и цели кои не можев да ги остварам во Македонија.

Чешка изобилува со шуми, национални паркови, прекрасни градби, неверојатна архитектура, одлична патна инфраструктура, одлични велосипедски патеки.

marijana-zhivee-vo-praga-cheshkite-parovi-strasno-se-baknuvaat-srede-ulica-si-naogjam-majstori-preku-makedonci-vo-cheshka-10.jpg

Прага, од друга страна, како туристичка дестинација нуди забава од секаков вид, достапен град, одличен јавен сообраќај, туристички знаменитости, шуми, паркови, излетнички места, театри, концертни сали, концерти на познати пејачи и артисти, кафулиња, ресторани, а воедно град кој секогаш изненадува со културни настани за сечиј џеб.

Кога и да решите да отидете „до град“ всушност одите на пријатна прошетка, а не во стресен град, каде што треба да се нервирате дали ќе стигнете навреме.

Сè е толку убаво осмислено и организирано и немате време да се грижите за ништо, освен работите да си ги организирате по свој трек, мирно и спокојно.

marijana-zhivee-vo-praga-cheshkite-parovi-strasno-se-baknuvaat-srede-ulica-si-naogjam-majstori-preku-makedonci-vo-cheshka-05.jpg

Се заработува ли добро за живот таму?

Можеби да, можеби не. Зависи од тоа што работите и за која корпорација работите и секако каков стил на живеење негувате.

Прага е конкретно град, административно седиште на многу светски корпорации.

Овде може да работите за светски брендови и познати фирми како Амазон, Најк, Новартис, Ханивел, Лореал, САП, Самсунг, СОНИ и други. Доброто е што сите овие фирми и корпорации нудат различни дополнителни бенефиции, како картички за спорт, за одмори, за спортска опрема, картички за курсеви или дополнителни бенефиции од типот на квартални бонуси, годишни бонуси, денови за одмор и слично.

Би рекла дека за нормален, пристоен живот има секој, а интересното е што секогаш се во дефицит на работна сила.

Во Прага ќе забележите едноставно високо образовани млади луѓе од цел свет, кои си го бараат местото под сонцето токму заради тоа што стандардот на живеење е прилагоден спрема примањата.

Скромноста едноставно преовладува во градот, а оние коишто енормно заработуваат речиси и да не се експонираат.

marijana-zhivee-vo-praga-cheshkite-parovi-strasno-se-baknuvaat-srede-ulica-si-naogjam-majstori-preku-makedonci-vo-cheshka-09_copy.jpg

Што ти е најомилено во оваа земја?

Парковите, шумите, спокојот и мирот. Градовите и селата им се мали, достапни, чисти и мирни.

Животот во селата е жив, затоа што реков имаат одлична патна инфрастуктура.

Прага речиси и да спие во тишина. Постојат правила кои секој мора да ги почитува во градот кога станува збор за градската врева од кој било облик. Иако Прага живее 24/7, сепак тоа е на многу ненаметлив начин.

Речиси на секој чекор низ цела Чешка имате локални паркови, шуми, означени пешачки шумски патеки и нема шанси да се изгубите ако тргнете на прошетка.

Јас живеам во близина на националниот шума парк „Дивока Шарка“ недалеку од центарот на градот и секоја можност ја користам да испешачам и да уживам во убавината на природата.

Грижата за парковите е неверојатна. Потокот секогаш е чист, се тампонирале патеките, се ставиле ознаки и предупредувања за посетителите.

Во шумите или парковите имате катчиња за одмор со детски парк, бар со локално пиво или освежителен пијалак, да се одморите и да продолжите освежени.

Секоја недела, речиси и утро, кога поминуваме низ шумата со автобусот, може да видите дека се работело на некое дрво, означено е, се исчистиле старите трупци, дрвјата ги исекле онаму каде што требало.

Од друга страна, нешто што ми се допаѓа е бројноста и разновидоноста на културните настани и концертите.

Речиси секој месец има концерт на некој познат пејач, диџеј или група. Повторно ќе кажам, беспрекорна организација на концертите и културните настани, со зголемен број метроа, трамваи, автобуси, затоа што има голема посетеност од цел свет.

Географската поставеност на градот е третата работа која би ја издвоила. Виена ви е на 4 до 5 часа возење, Братислава исто, Будимпешта ви е на некои 6 часа возење, а Дрезден на само час и половина. Воздушната поврзаност на градот е прекрасна.

marijana-zhivee-vo-praga-cheshkite-parovi-strasno-se-baknuvaat-srede-ulica-si-naogjam-majstori-preku-makedonci-vo-cheshka-16.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Вера Радески за преселбата во Чикаго: „Првата година е хаотична, ве мачи носталгијата, се колебате д... „Првата година по преселбата е страшно хаотична. Тоа е период во кој навистина н...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...
Александра од Скопје ја посети Шри Ланка: „Ја направив фамозната фотка од воз на инфлуенсерките, но ... „Сите што сакаат да ја направат познатата фотографија, обично букираат втора или...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg