Драгана од Скопје живее во Пекинг: „Јадев медуза, а мислев дека се печурки, Кинези ме застануваат на улица за селфи“

Какви се локалците, барем оние со кои беше во контакт?

Локалците се многу се интересни, ама немаат чувство за личен простор.

Каде и да одев, само одеднаш ќе ми „излеташе“ некој телефон буквално пред лице, луѓе што сакаат да се направат селфи со мене.

Родителите ми ги носеа децата да се сликаат до мене. Беше многу смешно и се чувствував многу познато.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-04.jpg

Каква е локалната храна? Што ти се допадна, а што не би пробала никогаш?

Кинезите сакаат лута храна на која се навикнав многу брзо и сега немам воопшто проблем со тоа.

Доколку побараш вегетаријанска опција или веганска, ги фаќа паника бидејќи се навикнати да готват месо. Ама ќе направат напори да те услужат.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-05.jpg

На почетокот се водев по едно правило - Ако е вкусно, јади и не прашувај што е.

Неодамна дознав дека една салата што ни ја служеа во ресторан не била со печурки, туку медуза со чили пиперки. Неочекувано вкусно, а не би ја пробала да знаев што е.

Не можам да се осудам да ги пробам инсектите кои ги припремаат на street food markets и не можам да ги јадам кокошкините нозе што ги глодаат додека не ги снема. А токму таа храна ја обожаваат.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-13.jpg

Каде се прошета, што успеа да видиш од земјата? Што ти остави убав впечаток, а што те разочара?

Деновите од одморот ги искористив да ги посетам планините во Националниот парк Жанџаџие, место каде што е сниман популарниот филм Avatar.

Се наоѓа во провинцијата Хунан и иако е познато туристичко место откако е снимен филмот, ми беше исклучително тешко да се објаснам со јазикот со Кинезите, дури и со апликациите за превод.

На почетокот бев скептична за целото патување, бидејќи одлучив сама да шетам, но можам да кажам дека тоа е една од подобрите одлуки кои сум ги направила во овие мои 29 години.

Националниот парк има обезбеден пристап и за луѓе со инвалидитет, со постојки за храна, освежителни пијалаци и тоалети.

Први другарчиња таму ти се мајмуните кои знаат да се доста алчни и да те нападнат за да ти го земат тоа што го имаш во раката.

Секаде имаше натписи дека не треба да се хранат и да не им се обрнува внимание.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-06_copy.jpg

Со еден опис - преубава природа каква досега немав никаде сретнато. Фотографиите не можат детално да ја доловат убавината на пејзажите.

Во тоа патување ги посетив и Фуронг и Фенгхуанг, кои се мали древни гратчиња со специфична структура, а кои го одземаат здивот.

Местата се чисти бидејќи има луѓе кои постојано си ја вршат работата и чистат, но луѓето фрлаат ѓубре насекаде, што не ми се допадна.

Сепак не е убаво да се гледа фрлена хартија на земја или оставена лименка, а притоа има канти за отпад насекаде.

Ѓубрето, секако ќе го тргнат за експресно време, ама глетката не е убава.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-11.jpg

Како се снајде со јазикот? Колку Кинезите зборуваат англиски, бидејќи и самата велиш, во некои ситуации си била „изгубена“ и не си можела да се разбереш?

И тоа како е предизвик да се разбереме, дури и со апликации за преведување.

Во Пекинг, Гуангжо, Шангај и Шенжен како интернационални градови, може да се најдат Кинези кои зборат англиски, па е малку полесно за комуникација.

Меѓутоа, во сите други градови и провинции навистина е предизвик да се разбереме.

За среќа, имаат многу апликации за превод кои се лесно достапни, па тоа ми е спас.

Со тек на време почнав да ги учам зборовите кои ми беа клучни за работата и кои доста ми ја олеснија истата.

Не можам да кажам дека го научив јазикот, бидејќи кинескиот е навистина тежок, ама тие 20 збора што ги знам баш ми се добредојдени во одредени ситуации.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-08.jpg

Да можеш, дали би останала да живееш во Кина? А дали би им ја препорачала на пријателите да ја посетат туристички?

Да не ми се пружеше шанса да дојдам работно, можеби никогаш и немаше да ми биде на листата држави кои сакам да ги посетам. Што ќе беше навистина голема штета.

Големите градови кои се интернационални, како Шангај , Пекинг и слично, се на листата туристички атракции, а од мој агол, таму можеби и најмалку има да се види.

Но тоа немаше да го знам доколку не дојдев и не го искусив самата.

Дали би живеела овде? Би рекла „да“, најпрво поради безбедноста, но и поради пристапноста на услугите.

Секој кој има можност треба да ја посети. Кина е преубава.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-09_copy_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg