Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“

„Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред излегување поради цената на пијачките во баровите. И повеќе се излегува по ресторани и барови, отколку во дискотеки, а обично луѓето си одат дома пред полноќ“, вели Кјара Гоља Пауни, ќерката на Хелена Роза, која на 17 години се пресели на Нов Зеланд.

kjara-golja-pred-9-godini-se-preseli-na-nov-zeland-se-ushte-se-priviknuvam-na-zhivotot-tuka-mi-falat-bliskite-burek-i-jogurt-01.jpg

Кјара Гоља Пауни (25) скоро 9 години живее во Оукленд, Нов Зеланд.

Откако детството и тинејџерските години ги помина во Македонија, таа се пресели во земја која има сосема поинаков менталитет од нашиот, каде што луѓето се многу смирени и опуштени.

За CRNOBELO.com, Кјара вели дека оваа нивна карактеристика колку е добра, толку понекогаш ѝ е и чудна, бидејќи во многу ситуации кога луѓето се нервираат, локалците (познати како Кивијанци) не реагираат.

kjara-golja-pred-9-godini-se-preseli-na-nov-zeland-se-ushte-se-priviknuvam-na-zhivotot-tuka-mi-falat-bliskite-burek-i-jogurt-06.jpg

По скоро една деценија на островот, Кјара ужива во животот таму.

Но, признава дека понекогаш ѝ недостига луксузот што го нуди Европа и пријателствата какви што ги имала тука пред да си замине за да им се придружи на мајка ѝ Хелена Роза и нејзиниот сакан Игор, кои се преселиле таму.

kjara-golja-pred-9-godini-se-preseli-na-nov-zeland-se-ushte-se-priviknuvam-na-zhivotot-tuka-mi-falat-bliskite-burek-i-jogurt-07.jpg

За животот во Нов Зеланд, локалната храна, местата за излегување, но и колку ѝ недостига родната земја, Кјара ни раскажа во интервјуто:

Како би го опишала животот на Нов Зеланд? Што ти е најубаво, а што не ти се допаѓа поврзано со животот таму?

Животот во Нов Зеланд би го опишала како многу опуштен, и дефинитивно многу потивок, еве да кажам од животот во Македонија, па и Европа.

Тука ми е најубава природата и фактот што живеам на 15 минути од плажа.

Тоа што не ми се допаѓа на Нов Зеланд е недостатокот на европскиот луксуз (не зборувам за брендирана облека, тука повеќе недостаток на all inclusive хотели, бич барови итн).

Нов Зеланд, иако е западна држава, дефинитивно не им парира на Америка, Канада и Австралија, поготово кога се работи за тоа што има да понуди за забава и социјализација.

Сè на Нов Зеланд е опуштено, и тоа е поради тоа што Кивијанците (локалното население) не се замараат многу со луксуз и материјални убавини.

kjara-golja-pred-9-godini-se-preseli-na-nov-zeland-se-ushte-se-priviknuvam-na-zhivotot-tuka-mi-falat-bliskite-burek-i-jogurt-21.jpg

Што те одведе во Оукленд?

Во Оукленд се преселив поради мајка ми Хелена и Игор, кога имав 17 години.

kjara-golja-pred-9-godini-se-preseli-na-nov-zeland-se-ushte-se-priviknuvam-na-zhivotot-tuka-mi-falat-bliskite-burek-i-jogurt-14.jpg

Дали се привика лесно на животот таму, новата средина, училиштето? Го знаеше ли добро јазикот пред да се преселиш?

Сè уште се привикнувам, ха, ха. Кога си живеел 17 години во Македонија, односно Европа, тешко е да се приспособиш на животот на Нов Зеланд кој тука е многу поопуштен, тивок и без никакви грижи.

Кивијанците стварно не се замараат со ништо и се среќни со тоа што го имаат.

Но, за нас, што не сме од Нов Зеланд, секојдневно се сретнуваме со „шокови“ бидејќи дури и Македонија, како помала држава нуди многу повеќе од услуга, забава и социјализација отколку Нов Зеланд.

Инаку, добро го знаев англискиот јазик, бидејќи го зборувам од мои 3 години.

kjara-golja-pred-9-godini-se-preseli-na-nov-zeland-se-ushte-se-priviknuvam-na-zhivotot-tuka-mi-falat-bliskite-burek-i-jogurt-08.jpg

Како те прифатија децата на училиште, стекна ли лесно пријатели?

Тука завршив само последна година од средно. Воглавно Кивијанците се многу пријателски настроени и стекнав пријатели, но тие немаат навика да се дружат како ние во Македонија.

Тие имаат групи на пријатели што ги имаат стекнато од прво одделение, и не прифаќаат нови членови во нивните „кланови“.

Буквално е исто како во американските филмови - секој има своја одредена група со која што се дружи и седат заедно.

Така што, иако имам многу пријатели, имам многу помалку блиски пријатели тука отколку во Македонија.

Мислам дека во Македонија многу повеќе преферираме да не сме врзани со една група на луѓе и да имаме поголеми групи на блиски пријатели од различни сфери од животот.

kjara-golja-pred-9-godini-se-preseli-na-nov-zeland-se-ushte-se-priviknuvam-na-zhivotot-tuka-mi-falat-bliskite-burek-i-jogurt-05.jpg

Има ли таму дружење како кај нас, пријатели со кои можеш во секое време да излезеш на кафе, на ручек?

За жал не. Кивијанците сакаат сè да е испланирано две недели однапред.

Тие што се спремни да излезат во секое време се многу ретки и обично доаѓаат од фамилии кои, исто така, се имаат преселено на Нов Зеланд од други места во светот.

Тука не се оди на кафе после работа или после предавањата на факултет.

Така што иако воглавно, Кивијанците се фини и пријателски настроени, не се фокусираат на креирање долги пријателства и живеат многу затскриен живот, за разлика од нас.

kjara-golja-pred-9-godini-se-preseli-na-nov-zeland-se-ushte-se-priviknuvam-na-zhivotot-tuka-mi-falat-bliskite-burek-i-jogurt-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg