Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 25 евра“

Раскажи ми некоја интересна случка од патувањето, нешто што им го раскажа на сите пријатели што те прашаа за Исланд?

Секој ден си носеше своја приказна, но еден ден бевме на место што ни го препорачаа бидејќи има добра храна и бургери. Станува збор за фарма која е претворена во фамилијарен ресторан од тамошните локалци.

Меѓутоа не очекував дека концептот на ресторанот е таков што во еден дел се гостите, а на само неколку чекори од нив се наоѓаат животните.

Тогаш првпат почувствував нешто што не сум почувствувал порано. Таа тага во очите на животните која ја видов, нивниот поглед ме блокираше и немав срце да нарачам бургер со месо, па на такво место нарачав вегетаријански бургер, што не е вообичаено за мене.

Но, ете во моментот таа тага ме обзема, бидејќи знаев дека тие животни наскоро ќе бидат претворени во бифтек.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-17.jpg

Колку часа трае дневната светлина на Исланд? Кога се стемнуваше, а кога се разденуваше?

Сега е период кога се зголемува денот, па се стемнуваше на полноќ. Но, за еден месец од сега тука ќе биде постојано ден.

Иако е така во летниот период, преку зима е сепак, повеќе ноќ.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-04.jpg

Што вообичаено прават луѓето на Исланд кога не се на работа?

Уживаат во денот, шетаат, секој со своите обврски нормално, а потоа спуштаат ролетни и спијат како да е темна ноќ.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-06.jpg

Дали би се вратил пак?

Би се вратил секако, да, кога би сакал мир, природа и рефреширање на телото и мислите, но сега е време за лето и топли дестинации и забави.

Повеќе фотографии во продолжение:

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-07.jpg

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-08.jpg

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-05.jpg

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-11.jpg

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-15.jpg

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-23.jpg

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-25.jpg

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-27.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Даниела од Роам Ароунд МК за камперските тури во Исланд: „Одиме на места за кои никој не слушнал“ „Камп сајтовите се 100% безбедни, исто така Исланд важи за една од најбезбедните...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg