Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 25 евра“

Доживеа ли шок во однос на цените споредени со Македонија?

Шок не доживеав затоа што бев подготвен и известен за тоа однапред.

Но, бев изненаден од тоа колку се луѓето среќни, смирени и задоволни што се таму.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-20.jpg

Според тебе, дали е препорачливо да се оди во хотел или да се сместиш во стан преку понудите на сајтовите за изнајмување?

Па, сè зависи кој во што ужива. Јас ја имав најдобрата опција - да бидеш кај свои луѓе кои го знаат островот, живеат таму и можат да ве прошетаат и упатат што треба да се види и посети.

Видовме работи што не се нудат со агенциите и места кои туристите ретко ги посетуваат, а луѓето кои живеат таму ги знаат.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-30.jpg

Дали изнајми автомобил, или со друг тип на превозно средство шеташе по островот? Како се движат цените во градскиот превоз или за изнајмување автомобил?

Од пријателите имавме автомобил на располагање за сите денови и тоа беше голема предност, зашто рентање автомобил од ден е од 250 евра нагоре, зависно од типот на автомобилот.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-13.jpg

Каков впечаток ти остави локалното население?

Сите се многу фини, љубезни, тивки, на смирен начин се кажува и објаснува сè, нема повишување на тонот, викање или какво било недолично однесување.

Едноставно, културни се во секој поглед.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-24.jpg

Каква е локалната храна? Што ти се бендиса најмногу, а што проба сега и никогаш повеќе?

Таму пробав многу различни вкусови на храна. Нивен специјалитет, или кога ќе те поканат на вечера, како свечено јадење ти вадат јагнешко месо (но тоа не го пробав).

Во локалната храна, исто така, има и многу риба и морски плодови, што е логично за остров.

Посетивме и места кои се дел од нивниот селски туризам, бевме на фарма каде веднаш имаш свежо месо, односно бургери, и свежи млечни сладоледи.

Многу интересни беа и рестораните направени во плантажи за домати и плантажи за печурки, па веднаш ти прават разни специјалитети од нив.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-16.jpg

Дали пливаше во замрзната вода и ако да, какво беше чувството?

Во замрзната вода не пливав, но пливав во топла и жешка минерална вода, а надвор беа ниски температури.

Ледената вода и тие мразови од глечерот се само за гледање и добри фотки како од филм.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-35_copy.jpg

Што нуди Исланд, а не можеш да го најдеш на друго место во светот?

Па мислам дека Исланд нуди сè што може да се види на повеќе дестинации, но овде е сè тоа вклопено на едно место.

Она што е интересно е дека често во еден ден може да се доживеат сите 4 годишни времиња.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-22.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Даниела од Роам Ароунд МК за камперските тури во Исланд: „Одиме на места за кои никој не слушнал“ „Камп сајтовите се 100% безбедни, исто така Исланд важи за една од најбезбедните...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg