Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 25 евра“

„Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки отколку кај нас. Авионските билети, ако се резервираат на време, се околу 500 евра. Јас бев кај свои луѓе, што беше голема предност“, вели нашиот интернационален модел, Павле Николовски, кој неодамна беше на 10-дневно патување таму. 

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-01.jpg

Павле Николовски, интернационален модел и менаџер од Скопје, неодамна се врати од патувањето на Исланд.

Во овој период, Павле вели дека видел работи кои се несвојствени за остатокот од светот, но и дека доживеал во еден ден да се сменат сите 4 годишни времиња, нешто што е сосема нормално таму.

На Исланд, Павле посетил свои пријатели, кај кои бил и сместен, па тоа во голема мера му ги намалило трошоците, бидејќи ова е една од најскапите држави во светот.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-18.jpg

За тоа како си поминал, но и за необичните искуства, кои ќе го памети уште долго време, Павле раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:

Неодамна беше на патување на Исланд. Зошто ја избра оваа дестинација?

Секогаш кога патувам гледам тоа да биде на некоја нова дестинација, која нуди нови предизвици и авантури, но и да биде на место кое ќе има нешто поразлично од тоа што досега сум го видел и доживеал.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-12.jpg

Колку време беше таму, каде беше сместен и како би го опишал местото?

Таму бев 10 дена, а бевме во посета на наши пријатели кои живеат таму неколку години.

Тоа воедно беше една од причините за посета на овој чудесен остров кој би го опишал како земја на чудата, со нестварна природа.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-02.jpg

Успеа ли да видиш голем дел од земјата? Каде сè се прошета?

Овој остров поседува сè што можеме да замислиме: од езера, планини, снег, ледени површини како дијаманти, многу водопади, вулкани и гејзири, до топли води. А притоа излегува на Северноатлантскиот Океан.

И сето ова ние успеавме да го видиме.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-29.jpg

Што од сите овие работи ти остави најсилен впечаток?

Да бидам искрен, најмногу уживам во вода, па бев воодушевен од топлите природни води на лагуните, базените и спа центрите на отворено кои се со поглед на океанот.

Силен впечаток ми остави и дијамантската плажа од мраз, како и водопадите кои беа како од разгледница.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-09.jpg

Како стигна до Исланд, колку авиони смени, колку време се патува? Бидејќи нема директна линија од Скопје, која е најдобрата опција за лет дотаму?

Од секоја европска метропола има лет до Исланд, така што од Скопје со уште едно прекачување се стига дотаму.

Кога одевме натаму, летавме преку Франкфурт, а кога се враќавме - преку Виена. Се стига за десетина часа, но сè зависи колку време имате помеѓу летовите.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-21.jpg

Колку е скапо патувањето до Исланд? Колку чинат авионските билети, кафе, или какви се цените во рестораните?

Едно патување во Исланд, да бидам искрен, чини многу. Тоа е третата најскапа земја во светот така што цените се скоро 10 пати повисоки отколку кај нас.

Еден нормален ручек за 2 лица не може да биде помалку од 150 евра, додека во рестораните за брза храна не постои бургер под 25 евра.

Авионските билети, ако се резервираат навреме, се околу 500 евра.

modelot-pavle-nikolovski-go-poseti-island-ruchek-vo-restoran-ne-e-pod-150-evra-najevtin-burger-e-25-evra-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Даниела од Роам Ароунд МК за камперските тури во Исланд: „Одиме на места за кои никој не слушнал“ „Камп сајтовите се 100% безбедни, исто така Исланд важи за една од најбезбедните...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg