Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов на прв поглед“
Колку чини едно вакво патување? Дали може секој да си го дозволи?
Со правилно распределување на средствата наменети за трошоци во текот на патувањето, сметам дека повеќето луѓе би можеле да си го дозволат.
Секако, фактор детерминатор на тоа е каде јадете, изборот на хотел, времето на резервирање на летовите, итн.
Луѓето често не тргнуваат и не се решаваат да патуваат зашто мислат дека е потребна голема сума на пари, што е тотално погрешно - сè е до добрата организација.
Каде бевте сместени и колку отприлика чини сместувањето во овој дел на Италија?
Сместени бевме во Пиза. Ноќевањето таму е со пониски цени од другите места во Италија, а солиден хотел имате од 100 евра од вечер, па нагоре.
Каде ја јадеше најубавата пица, каде го проба најубавото џелато, или аперол/кафе? И како се движат цените на храната и пијалаците?
Цените во овој дел на Италија беа сосема нормални. Ако ги споредам со Венеција, каде што бевме претходната година, тие се едно три пати пониски.
Секаде во ресторани се доплаќа услугата и тоа што седите таму, а тоа чини од 2,5 до 5 евра од лице.
Италијанците немаат утка со пиците, но храната во Фиренца беше далеку повкусна во однос на Пиза.
Најтопла препорака за сите што планираат да ја посетат Фиренца е да јадат во All’Antico Vinaio каде што ги има највкусните сендвичи по сосема пристапни цени до 12evra, Paradise - моја препорака и кафе во Café Gilli - најстарото кафуле во Фиренца.
Најубавиот џелато што го јадев после Suso во Венеција, дефинитвно е Gelateria Vernanzza во Чинкве Тере.
Имавте ли некоја интересна случка по која ќе го памтиш патувањето?
Случки за паметење секогаш има, но најинтересно беше кога ме повика полицаецот од пасошка контрола на аеродромот во Пиза.
Мислев дека има некој проблем со пасошот, а тој само сакаше да ми честита роденден, бидејќи претходниот ден ми беше роденденот.
Носев венче на кое пишуваше Happy birthday, и исто како претходната година, добив премногу честитки за роденденот од стотици непознати лица, кои ми честитаа поминувајќи покрај мене.
Дури и една жена која не знаеше да зборува ни англиски ни италијански, дојде до мене и ми ја покажа личната карта каде што пишуваше дека и таа е родена на 5 април, само 1953 година.
Предноста на носењето на венче со Happy birthday резултираше со тоа што ни ја дадоа најубавата маса во Nessun Dorma и покрај што резервацијата ни беше помината 4 часа претходно.
Повеќе фотографии од патувањето на Ива и нејзиниот сопруг во галеријата:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело