Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“
На каков проект работиш и до каде е?
Во Нигерија работам на изградба на еден прекрасен мост, прекрасно здание на кое полека, но сигурно му се гледа крајот и ќе биде преубав симбол на Лагос. Очекувам да го завршам овој проект до јуни, но веќе е во најава и друг.
Ова е една неповторлива шанса и искуство за мене како инженер да се усовршам во мојот занает и знаење.
На секого од Македонија би му препорачал, без оглед за која струка станува збор, да го осети животот, созревањето надвор од нашите граници, затоа што тоа е едно непроценливо искуство и богатство.
Дали те посетил некој пријател/близок во Африка?
Се пријавија неколку кандидати кои изразија желба да дојдат во Лагос.
Но кога им кажав каков е животот тука, дека тотално мораш да ги смениш навиките и секојдневието на кои си научен, сите ми кажале: „Брат, уживај си ти таму, ќе се видиме ние во Скопје“.
Остануваш ли уште долго во Африка?
Не планирам наскоро да ја напуштам Африка, но ќе видам. Во најава имам нови проекти и би сакал да останам тука.
Можеби би сменил локација во Нигерија или друга држава за да повторно ја осетам вистинската, дива, бунтовна и природна Африка.
Лагос е сепак голем град, колку толку е среден и не е Африка во вистинска смисла на зборот.
Ми недостасуваат тие савани, нивните џунгли, сите тие племиња и животински свет. Едноставно, сакам предизвици, јас сум бунтовник. Сега за сега останувам во Африка. Ја сакам Африка, а и Африка ме сака мене!
Повеќе фотографии во продолжение:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело