Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“

Животот на ново место носи и нови предизвици. Со кои тешкотии се сретна и како ги надмина?

Дефинитивно сообраќајот. Живеам на граница на Чангу и Семињак, и сообраќајот е општ хаос. Треба многу внимавање кога се вози со скутер.

antonio dimoski za zivotot na bali lugjeto se fini i dobri vo slobodno vreme sufam a niz ostrovot se dvizam s0 skuter 11

Што сè мора да се посети на Бали за комплетно искуство?

Островот е многу мал и едноставен за шетање. За сите оние кои сакаат да практикуваат јога, би го препорачал Убуд. Убуд е место каде што најчесто туристите одат за спиритуални ритуали, посетување храмови, вежбање јога, како и оризовите полиња Теланганг.

Во Убуд се наоѓа и Шумата на мајмуните која мора да се посети кога сте на Бали. Мајмуните се прилично мирни сè додека не им се приближувате и не ги чепкате. Кога одите во шумата се препорачува да не носите очила, капа или реквизити кои можат мајмуните лесно да ги украдат од вас.

Чангу е најтуристичко место на Бали и е за нијанса поскапо од другите места. Во Чангу социјалниот живот е многу подобар, има тон избор за клубови и ноќни излегувања, плажи кои го одземаат здивот и прекрасна храна. Семињак би го препорачал за клубовите. Улувату го препорачувам за одмор и сурфање.

Во Улувату ја препорачувам Пендава плажата. Кога ќе влезете во делот на влезот за билети и ќе се упатите кон плажата, ќе ве почестат глетките на величествени карпи кои се наоѓаат покрај патот, украсени со статуи на браќата Пандава. Овие статуи обезбедуваат фантастична можност за фотографирање, дозволувајќи им на посетителите да го снимаат прекрасниот наклон на морето од поинаква перспектива.

Во Улувату се наоѓаат едни од познатите клубови покрај плажи. Мојот омилен е Рок Бар кој е изграден на карпа и потребен е лифт за да се симнете на самиот бар.

Амед е мало гратче на брегот на Бали во кое најчесто туристите одат да нуркаат. Има и други острови кои мора да се посетат кога сте на Бали како: Комодо, Гили, Нуса Пенида. Засега го имам посетено само Нуса Пенида, каде што се наоѓаат најпознатите плажи како: Diamond Beach, Kelingking Beach, Broken Beach и Angel Billabong Beach.

Не сум ги посетил сите острови, но планирам.

antonio dimoski za zivotot na bali lugjeto se fini i dobri vo slobodno vreme sufam a niz ostrovot se dvizam s0 skuter 12

Што ќе кажеш за локалната храна? Кое ти е омилено јадење?

Локалната храна е скроз поразлична од нашата. Индонезијците велат: „Сè додека имаме ориз, ние можеме да опстанеме“. Тука многу се јаде ориз.  Мое омилено јадење ми е чикен сатај, односно пилешко со сос од кикиритки.

Индонезијците подготвуваат специфично кафе кое се вика Копи лувак и се подготвува на еден поинаков начин. Копи лува е кафе кое се подготвува од изметот на цивет мачка.

Шолја кафе чини од 150 илјади до 180 илјади рупии (околу 15 долари), кое вреди да се проба барем еднаш кога сте на Бали.

antonio dimoski za zivotot na bali lugjeto se fini i dobri vo slobodno vreme sufam a niz ostrovot se dvizam s0 skuter 16

Присвои ли некои традиции и обичаи што ти станаа дел од секојдневниот живот?

Ми се допаѓа нивната традиционална облека, шалвари и кошула. После првата недела на Бали, одма купив како би се доближил повеќе до нивната култура.

antonio dimoski za zivotot na bali lugjeto se fini i dobri vo slobodno vreme sufam a niz ostrovot se dvizam s0 skuter 3

Како за крај, што најмногу ти недостига од Македонија?

Фамилијата, храната и кафе покрај езеро.

antonio dimoski za zivotot na bali lugjeto se fini i dobri vo slobodno vreme sufam a niz ostrovot se dvizam s0 skuter 13

antonio dimoski za zivotot na bali lugjeto se fini i dobri vo slobodno vreme sufam a niz ostrovot se dvizam s0 skuter 14

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...
Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жол... „Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варо...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg