Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а локалците се многу гостопримливи“

Гробници насекаде околу мене… Завршува прашливиот пат пред почетокот на еден кањон што изгледа како карпа разделена на два дела, со остатоци од градба која некогаш била свод, порта, а непосредно од десната страна има тунел кој е дел од вешто испланираниот и комплексен систем против поплави изграден од Набатејците, првите населеници на Петра.

stefan savevski jordan e na visokoto prvo mesto na gostoprimlivosta tuka ima mnogu shto da se vidi i iskusi 2

На влезот на кањонот стојат двајца стражари со штитови и копја, кои кога сфаќаат дека сум само уште еден авантурист-истражувач, со благо климање на главата ми дозволуваат да влезам. Само што ги минувам, се вртам да се осигурам дека не доаѓаат по мене, а над мене веднаш се издигаат црвени песокливи мазни карпи со неверојатни шари и слоеви кои се протегаат до 130 метри во височина.

Си ја собирам вилицата од подот и продолжувам да чекорам низ тесно-широката пукнатина помеѓу овие две масивни карпи од левата и десната страна кои се резултат на милиони години поплави, суши, ветрови, земјотреси…

Секоја од овие појави испишана на карпите како еден од слоевите на црвеникавиот мазен камен. По 15-тина минути сè почнува да изгледа исто… Од едната страна карпа, а од другата страна – карпа.

Ме проголтува кањонот, навлегувам сè подлабоко и се појавуваат огромни камили издлабени во карпата. Една камила, втора, трета и пред нив се гледа само долната половина од човек во сандали и долга носија кој ги води камилите. Горната половина недостига како резултат на иконоборството на Византија кога се уништувало сè што имало лице.

stefan savevski jordan e na visokoto prvo mesto na gostoprimlivosta tuka ima mnogu shto da se vidi i iskusi 1

Продолжувам понатаму и одеднаш помеѓу тесните карпи на околу половина од висината се појавува некаква градба во заднината.

Како се приближувам сфаќам дека е нешто навистина големо и си велам, конечно стигнав, а во тој момент завршува кањонот и се отвора една чистинка пред која стои вешто издлабената фасада на најпознатата градба во Петра – Ризницата.

stefan savevski jordan e na visokoto prvo mesto na gostoprimlivosta tuka ima mnogu shto da se vidi i iskusi 17

Одеднаш неколку деца бедуини се упатуваат кон мене и ми нудат сè и сешто: качи се на камилата и сликај се пред ризницата, дојди со мене на едно високо место добро за сликање, купи ги разгледниците, вистински антички монети, качи се во моето ферари (магаре) да те однесам до манастирот…

stefan savevski jordan e na visokoto prvo mesto na gostoprimlivosta tuka ima mnogu shto da se vidi i iskusi 14

Нема крај на зборовите, меѓутоа тие само лебдат околу мене додека мојот поглед е цврсто закован за големината на оваа градба која ми шепоти и само јас можам да ја слушнам: „Ти си толку малечок, само уште една мравка во ројот што талка по земјинава топкa…“, а јас само си мислам „Да, во право си, како можев да заборавам…“.

Колку километри помина во Петра? На што најмногу се задржа, знаејќи дека има премногу места од кои не можеш да се одвоиш?

Петра ја посетив вкупно 4 пати од кои секој пат поминував околу 20-25 километри пеш по целиот антички град. За Петра е интересно дека се откопани само околу 30% од градот, што значи поголемиот дел е сè уште под песокот.

Ризницата е местото кое најмногу ми остави впечаток, но има уште едно прекрасно место на крајот од Петра, по искачување на 800 скалила кон Ал Деир или „Манастирот“ како што го нарекле, бидејќи во еден период служел и како манастир, а се верува дека првата намена била за собирање на одлучувачкото тело во градот каде се решавале важни прашања поврзани со владеењето.

Меѓутоа, вистинската возбуда не се крие тука. На само уште 10-тина минути пешачење се пристигнува до „крајот на светот“, место коешто има поглед од кој застанува здивот, се леди крвта, се поти челото и се тресат колената. Огромно пространство со карпести планини и клисури кои се толку големи да самото око не може да ги восприеми со сите детали.

Застанував на крајот од карпата пред бескрајната бездна и пробував да впијам колку што е можно повеќе од местото. Па ми се случуваше да дојдам тука и само да гледам во карпите, нивните формации, издигнувања и спуштања, а всушност ништо да не видам.

На враќањето од тоа место се качував на една висока карпа каде еден бедуин имаше направено мала колипка со отворен дел за да можеш да уживаш во погледот, а во исто време и да се напиеш свежо цеден сок од калинка или арапско кафе со кардамон. Во една пригода го слушав бедуинот како свири на еден од традиционалните жичени инструменти.

stefan savevski jordan e na visokoto prvo mesto na gostoprimlivosta tuka ima mnogu shto da se vidi i iskusi 9

Го доживеа и прекрасниот пустински пејзаж Вади Рум кој со милениуми го минувале бедуинските племиња. Ако за некого овој огромен простор одекнува во секоја смисла на зборот и го буди божественото во човекот, како ти го доживеа овој песочен простор со различни карпести формации и чудни контури?

Вади Рум или во превод „Долината на Месечината“ е место каде што нема ништо поприсутно од празнината и мистичното чувство дека има толку многу работи, што не може да се видат во таа празнина. Пустината те пречекува со широко отворени раце и одеднаш сè што носиш компресирано во себе има простор да излезе надвор во оваа празнина. Не постојат зборови за да се опише, но еве пробувам.

Вади Рум е една од најискористените локации за снимање на филмови „на други планети“ бидејќи црвениот песок, огромното пространство и нереалните карпи кои се издигаат високо во небото, создаваат чувство како да не сме на оваа планета. Тука се снимени делови од „Lawrence of Arabia“, „The Martian“, „Prometheus“, „Transformers“ итн.

stefan savevski jordan e na visokoto prvo mesto na gostoprimlivosta tuka ima mnogu shto da se vidi i iskusi 12

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg