Горди сме на нашите градови! Убавината на Крушево, низ објективот на Александар Менкиноски
- Детали
- среда, 08 ноември 2023
„Уште при самото одење кон Крушево, запрепастен од панорамскиот поглед се решив да не губам повеќе време и да го полетам дронот за да направам неколку панорамски фотки од самиот град“, вели фотографот Александар Менкиноски за CRNOBELO.com за неговата прошетка во Крушево и обидот да ни ја долови уникатната убавина на градот, и тоа со помош на дрон.
Фотографот Александар Менкиноски фотографира речиси 13 години.
Вели дека секојдневно шета со фотоапаратот низ Охрид и неговиот град – Струга – но сега решил да прошета и низ Крушево за да ја долови убавината на градот преку неговиот објектив.
За CRNOBELO.com, Александар раскажува за неговата авантура низ Крушево:
„Јас, како фотограф од Струга, најтипично е да направам фотографии од нејзината околина. Но, еве сега споделувам една необична моја тура во Крушево.
Сигурен сум дека сите досега сме посакале да го видиме Крушево од воздух. E па драги мои, ви подготвив една фото-тура на градот од воздух.
фото: Златко Менкиноски
Да започнеме со таа приказна од самиот почеток.
Уште при самото одење кон Крушево, запрепастен од панорамскиот поглед, се решив да не губам повеќе време и да го полетам дронот за да направам неколку панорамски фотки од самиот град. Притоа, го добив ова:
Понатаму, решив да го следам главниот пат кој води до самиот центар до градот.
На мојата десна страна се наоѓаше споменикот ’Македониум‘, а и погледот кој се наоѓаше зад мене беше толку несекојдневен и интересен, што вредеше да се фотографира.
Крушево е познат како град на црквите, што и јас успеав да го забележам дури од воздух.
Како што се приближувам кон самиот центар на градот, црквата Св. Никола ми го одзеде вниманието. Околу неа се задржав најмногу - може да видете и на самите фотки.
Потоа, погледот ми го привлекоа крушевската гимназија и крушевската општина.