Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував безбедно, локалците се среќни иако се сиромашни“

Можеш ли со зборови да го опишеш вкусот на тропските овошки?

Искрено кога си одев најмногу се растажив за овошките.

Буквално „шверцував“ 6-7 кила овошје (ананас, манго, маракуја) до Македонија.

Јас никогаш во животот немам пробано повкусно овошје, буквално нема збор што може да ги опише овие вкусови, ви посакувам на сите што ме читате да се најдете на Занзи и да ми се заблагодарите подоцна.

betika ledenata makedonka koga se adaptirav na 34 ke se adaptiram i na plus 34 niz cela afrika patuvav sama vidov lavici vo zivo i go posetiv najsiromasniot kvart vo kenija 4

Кога веќе со месеци престојуваше на Занзибар сигурно имаше можност одблиску да се запознаеш со локалците. На што им се воодушевуваше…? А, што е она што ти сметаше кај нив?

Запознав многу локалци, им се восхитував на нивната позитивна енергија што секојдневно ја ширеа, буквално овие луѓе немаат ништо материјално, а се толку среќни и задоволни од животот, секој еден е спремен да те пречека со насмевка и да размени збор-два со тебе во секое време.

Им се восхитував на секојдневието, колку овие луѓе всушност се силни, никогаш не сум видела толку физички силни мажи, а и жените се кралици.

Најповеќе им се восхитував кога играа.

Кога ќе завршев со моите работни активности, знаев да се закачам на некоја од прекрасните песочни плажи и со саати да се зјапам во нив, играат, танцуваат со цело срце и душа, буквално до крај до кај што имаат и немаат енергија.

Единствено нешто што понекогаш знаеше да ми пречи е тоа што во ни еден момент немав персонален простор, онака ти доаѓа на плажа, не можеш ниту да си поплачеш!

Одма тука имаш следбеници и нема тука што јас да сум тажна или сама… Ха ха!

Ама од друга страна тоа ми беше и јако…

betika ledenata makedonka koga se adaptirav na 34 ke se adaptiram i na plus 34 niz cela afrika patuvav sama vidov lavici vo zivo i go posetiv najsiromasniot kvart vo kenija 23

Ги посети и улиците на Дар ес Салем во Танзанија. Они кои пробуваат да направат споредба со Занзибар велат дека се два различни света. Што имаш ти да ни раскажеш за овој град и искуството од таму?

Дар ес Салем некогаш бил главен град на Танзанија, се наоѓа на еден час со брод од Занзи, моето патување го започнав од таму, искрено не изгуглав многу пред да стигнам таму, само си најдов сместување и тргнав.

Деновите ми беа броени па се пуштив во авантура, кога стигнав таму останав подзината: 6 милионски гигантски град, овој град е стопански центар и буквално сè и сешто можете да најдете во него.

Овој град никогаш не спие, врвулица од луѓе секогаш и секаде.

Локалците ми раскажуваа дека оттука луѓето го пазарат поголемиот дел работи за нивните бизниси и патуваат во помали места за да заработат парички.

Дар е нешто друго и дефинитивно го препорачувам да го посетите.

betika ledenata makedonka koga se adaptirav na 34 ke se adaptiram i na plus 34 niz cela afrika patuvav sama vidov lavici vo zivo i go posetiv najsiromasniot kvart vo kenija 18

Го посети и Микуми – еден од најголемите национални паркови во Танзанија. Раскажи ни за доживувањата оттаму… Какво е чувството да се шета помеѓу слонови, зебри, лавови…?

Националниот парк Микуми, ова ми беше животна желба која си ја остварив оваа година.

Буквално ја гледате Африка како од National Geographic.

Се возевме во отворен џип, националниот парк е 3.230 km2 и никогаш не знаеш на што се ќе наидеш.

Мојата желба беше да видам лавици, патувањето е цел ден со една мала пауза за ручек.

betika ledenata makedonka koga se adaptirav na 34 ke se adaptiram i na plus 34 niz cela afrika patuvav sama vidov lavici vo zivo i go posetiv najsiromasniot kvart vo kenija 21

Така возејќи се видовме многу различни животни буквално на едно метро до нас, стоевме до крокодили, зебри, жирафи, импали, нилски коњи, диви свињи, слонови, лавови лавици, видовме и биволи, многу различни птици и што уште не.

Најголем впечаток ми оставија лавиците, наидовме на 7-8 лавици коишто си уживаа сигурно после некоја добра гозба, беа толку опуштени и смирени, па во еден миг посакав дури и да слезам до нив.

Прекрасно искуство, ако веќе си во Занзи не ја испуштај оваа авантура, имаш еден час лет и таму си.

betika ledenata makedonka koga se adaptirav na 34 ke se adaptiram i na plus 34 niz cela afrika patuvav sama vidov lavici vo zivo i go posetiv najsiromasniot kvart vo kenija 11

Успеа да ја посетиш и Кенија и да ги доживееш контрастите помеѓу богатиот и сиромашниот дел на оваа земја. Откри ни повеќе за животот во овој дел од светот?

Во Кенија имав повеќе време да истражувам, и таму конечно наидов на водопади. После 3 месеци осетив малце поладна вода, на среќата ѝ немаше крај!

Инаку Кенија и главниот град Најроби каде што бев јас, буквално изгледа како Њујорк, сè е толку чисто, убаво, средено, гигантски градби згради, локали, дури можам да кажам дека дефинитивно и патиштата им се многу поубави од кај нас.

А од друга страна го имаат најсиромашниот кварт што се вика Кибера, и таму живеат околу 2,5 милиони луѓе со нула услови за живот. Тука луѓето најчесто умираат од глад и од болести заради презагадената животна средина.

И покрај тоа што овие луѓе немаат основни услови за живот, тие се многу друштвени, со преголеми срца буквално сакаат да ти раскажат сè што може да се раскаже, па така ми ја раскажаа како во Кибера целото население си донело закон за тие што крадат, дека не смее да се краде и како би се заштитиле сите одлучиле секој што нешто ќе украде да биде запален жив.

За жал ова правило сè уште постои и така луѓето и покрај тоа што немаат ништо, се толку искрени и не се крадат меѓусебно.

betika ledenata makedonka koga se adaptirav na 34 ke se adaptiram i na plus 34 niz cela afrika patuvav sama vidov lavici vo zivo i go posetiv najsiromasniot kvart vo kenija 16

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg