Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував безбедно, локалците се среќни иако се сиромашни“
Се чувствуваше ли безбедна додека шеташе во најсиромашните квартови во Најроби?
Низ цела Африка патував сама. Во ниту еден момент не се осетив загрозена, мислам дека многу голем процент на дезинформации се шират околу овие држави за да се помалку посетени, и да не пркнат, да не ги посетува никој.
Во Кибера, се осетив како дома. Локалците ме пречекаа со отворено срце и со огромна љубов и посветеност ме прошетаа по сите улички на Кибера …
Побезбедно се чувствував во Африка отколку во Македонија, сѐ е пропаганда!
После ова афричка авантура како гледаш на животот? Ќе им се вратиш ли на ледените води наскоро?
Африка е земја којашто секој еднаш во животот треба да ја посети, Африка нè спушта на земја и нè прави благодарни, ни покажува и докажува како треба да го сакаме и цениме животот со сè што имаме и сè што немаме.
Незаборавно искуство, душата и срцето полни за навек. Сполај му!
Ладното ми е во душата, секогаш ќе се враќам на ледените краишта, ама ова беше патување за душа.
Погледнете уште неколку фотографии од Бети во продолжение:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: Е. Х. | Црнобело