Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував безбедно, локалците се среќни иако се сиромашни“

„Запознав многу локалци во Занзибар, им се восхитував на позитивната енергија што секојдневно ја ширеа. Кенија и главниот град Најроби каде што бев јас, буквално изгледа како Њујорк, додека во најсиромашниот кварт Кибера живеат околу 2,5 милиони луѓе со нула услови за живот“ – вели во интервју за CRNOBELO.com, Бетика Ледената Македонка која ова лето беше на авантури низ Африка.

betika-ledenata-makedonka-za-posetata-na-zanzibar-i-kenija-sekade-patuvav-sama-i-se-chuvstvuvav-bezbedno-lokalcite-se-srekjni-iako-se-siromashni-01.jpg

Бети Котовчевска на многумина позната како Бетика – ледената Македонка, по професија е нутриционист, но вели дека секојдневно се пронаоѓа во различни професии и е желна за учење на нови работи. Дел од слободното време, покрај многуте активности, го посветува на социјалните медиуми како креатор на содржини и мотиватор на нејзиниот Инстаграм профил.

Бетика која се гледа себеси како „вечен патник“ веќе 8 години се занимава со капење во ладни води, а исто така и тренира луѓе да го прават тоа. Верува дека постојат многу универзуми што треба да се истражат.

Неодамна Бетика се врати од неколкумесечен престој на Занзибар, па во продолжение следува разговор во кој ни открива за животот на овој прекрасен остров, како и патешествијата низ Танзанија и Кенија.

На многумина си им позната како Бетика – ледената Македонка која се капе на-34 C°. Од Лапонија се најде во Африка, поточно на Занзибар и таму помина скоро 4 месеци. Кои прашања постојано ти се вртеа во глава пред да слеташ на аеродромот во Стоун Таун?

Оваа година Бетика ги спакува куферите и замина за Лапонија, решена дека таму ќе живее, останав скоро 2 месеци и ми испадна работата во една туристичка агенција, па се премислив, си реков време е за најголемата промена во мојот живот, се спакував и тргнав.

Родена сум на 1-ви август, кога дојдов на овој свет жештина и сонце ме пречекале, па затоа никогаш не сум можела да поднесам топло, буквално цел живот сум се криела и седела само под сенки.

Прашањето што ми се вртеше постојано во главата беше: „Да, јас сум приспособлива личност, но како ќе издржам на толку жешки температури… Како?“. Па ги оставив сите прашања и се пуштив во авантура за да искусам.

betika ledenata makedonka koga se adaptirav na 34 ke se adaptiram i na plus 34 niz cela afrika patuvav sama vidov lavici vo zivo i go posetiv najsiromasniot kvart vo kenija 13

И како издржа на топло сите овие месеци без да почувствуваш грч ладна вода на сопственото тело?

Искрено ова ми беше најголемиот предизвик до сега, како да се справам со топло и со толку влажен воздух. Но, мојот мајндсет беше кога се адаптирав на -34 ќе се адаптирам и на +34.

Да се навратиме на техниката за дишење, длабоко до дијафрагма и многу, многу хидрирање со вода ми помогна да се аклиматизирам во Занзибар, првата недела буквално горев и ме фаќаше паника од жештина, ниту еднаш не застанав на сонце да се печам во цели 3 месеци. Индиски океан ми беше спасот за колку-толку да се разладам.

И сама не знам како издржав, буквално во Занзи нема ладна вода, го вртам тушот на најладно и ми доаѓаше само млака вода…

Откако се вратив во Македонија секој ден сум на некој водопад, само ладна вода ми фалеше таму, ништо друго.

betika ledenata makedonka koga se adaptirav na 34 ke se adaptiram i na plus 34 niz cela afrika patuvav sama vidov lavici vo zivo i go posetiv najsiromasniot kvart vo kenija 5

Во последните неколку години Занзибар стана доста посетувана дестинација за Македонците. Како ти беше организирано секојдневието? Кои навики мораше да ги смениш за да се адаптираш на занзибарскиот живот?

Според моето искуство и тоа што го научив од локалците сметам дека за едно пет до десет години Занзибар ќе е една многу луксузна дестинација, и не ќе може баш секој да ја посети, секој ден е различен, секој ден нешто ново никнува.

Сите вложуваат, купуваат и за жал локалците ги користат како евтина работна сила.

Секојдневието ми беше цело време со авантури, имав можност да го посетам буквално целиот остров и сите познати точки во Занзи.

За разлика од мојот претходен живот во Лапонија каде што имаш метар до два персонален простор, тука стварно ми требаше време да се навикнам на буквално немање на никаков персонален простор, тие се насекаде и секогаш имаш некој што ти дише во врат.

Се смеевме со моите патници и им викав тука имаме вистински следбеници, не како овие на Инстаграм.

betika ledenata makedonka koga se adaptirav na 34 ke se adaptiram i na plus 34 niz cela afrika patuvav sama vidov lavici vo zivo i go posetiv najsiromasniot kvart vo kenija 12

Занзибар е преполн со изненадувања и сетилни сензации. Без кои искуства не смееш да се вратиш од Занзибар?

Занзи секој ден нешто ново ни нудеше, но јас не би се вратила оттаму, а да не пробам сè што е локално.

Си дадов пет-шест дена за адаптација, а потоа „ѝ влегов“ на локалната храна, многу овошје, и влегов буквално во сите локални места кај домаќинките на ручек, искрено повкусно нешто немам пробано.

Не сум голем љубител на алкохол, но без коњаги не можете да си одите (вид на занзибарски џин).

На Занзи искрено ми се прероди малечката Бети што по цели денови танцуваше во минатото, локалците се секогаш тука да те научат нешто плус, а и да ти се восхитуваат на твоите движења како Muzungu (бел човек) – жена.

Во Занзи треба само да си го отвориш срцето и самата локација ќе те води. Не можеш да си одиш од Занзи, а да не се изнаиграш, буквално да си ја оставиш душата на сцената како што сите локалци тоа го прават секој ден.

Во Занзи се ослободив од сите стеги и буквално си ја ослободив душата.

betika ledenata makedonka koga se adaptirav na 34 ke se adaptiram i na plus 34 niz cela afrika patuvav sama vidov lavici vo zivo i go posetiv najsiromasniot kvart vo kenija 26

Сите се заслепени од песочните плажи, тиркизната вода, морската храна, од Хакуна Матата моменти, но како всушност живеат локалците?

Сите убави нешта имаат две страни. Природата им дала многу на овие луѓе, и најбитно е што си ја ценат.

Локалците… Душа како памукче, весели, добри, насмеани, во секој момент тука се да ти помогнат. Многу се искрени, и добронамерни, сѐ за некое денарче.

Имав можност да посетам локална куќа кај една другарка што ја запознав таму.

Што да ви кажам, минимализам: 5-6 души живеат во една соба, на земјата еден душек, одоколу во собата испланиран просторот за облека којашто виси по ѕидовите.

Во дворчето имаат еден лонец каде што ја готват храната на оган, неколку чинии што ги споделуваат меѓусебно и јадат со раце.

Секој ден е борба за преживување, среќни се ако имаат барем еден оброк во денот.

Имав можност да зборувам со локалните танчари коишто ми кажаа дека за едно шоу, од 3-4 часа играње без прекин, земаат само 20.000 шилинзи, а тоа се околу 8 долари.

betika ledenata makedonka koga se adaptirav na 34 ke se adaptiram i na plus 34 niz cela afrika patuvav sama vidov lavici vo zivo i go posetiv najsiromasniot kvart vo kenija 22

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg