Блогерката Софија Јанева: „Бев на егзотично крстарење со крузер со 5.500 луѓе – какво искуство беше овој одмор?“
Првиот впечаток за Мексико?
Во Мексико бев пред 12 години, така што ова технички ми е втор впечаток, но Мексико секогаш ќе остане во моето срце – храната, природата, климата, културата…
Ја обожавам оваа земја, затоа следното долго патување што планирам да го реализирам наредната година ќе биде токму во Мексико.
Првиот впечаток за Бахами? Каков тип на приватен остров посети таму?
Кога првпат стапнав на Бахамите бев вчудовидена од неверојатните бели плажи, кристално чистите води и морскиот свет.
Ние го посетивме приватниот остров Ocean Cay кој е развиен од бродската компанија МСЦ како дестинација само за нивните патници. Островот не е многу голем, но се смета дека ги има едни од најубавите плажи.
МСЦ инвестирале над 200 милиони долари за развојот на овој остров и зачувување на природата и морскиот свет.
Островот има над 8 плажи, стар светилник кој е изграден во 1863 година и над 80 видови на риби, ражи, морски желки и ајкули.
Првиот впечаток за Кајманските острови?
Кајманските острови се британска колонија, па првиот впечаток ми беше дека е сосема поразличен од другите карипски острови.
Има убави плажи со бел песок и тиркизно море, но не верувам дека повторно би се вратила таму.
Зошто крстарењето е поинакво доживување од обичниот одмор?
Крстарењето е сосема различно доживување од обичен одмор, имено секој ден се будиш на различна дестинација, а тоа чувство е навистина незаменливо.
За сите авантуристи што сакаат да посетат повеќе дестинации во кратко време, крстарењето е вистински избор.
Прочитајте и Софија Јанева по посетата на Њујорк: „10-те работи кои ме воодушевија во овој град и 2-те кои ме разочараа“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело