Софија Јанева по посетата на Њујорк: „10-те работи кои ме воодушевија во овој град и 2-те кои ме разочараа“
Тајмс Сквер
Крајно маѓепсана бев од познатиот Тајмс Сквер. Вибрантната енергија, пулсирачките светла и звуци разгореа низа емоции во мене.
Динамичната енергија што произлегуваше од Тајмс Сквер беше заразна, разгорувајќи наплив на ентузијазам во мене. Уличните изведувачи и енергијата на луѓето околу мене ме пренесоа во царството каде сè е возможно.
Се чинеше дека самата суштина на њујоршкиот дух се концентрираше токму во овој живописен плоштад.
Модата во Њујорк
Додека шетав низ улиците во Менхетн постојано се восхитував на модните комбинации што ги гледав на луѓето околу мене.
Секој со свој автентичен стил, без никаква грижа или срам.
Јавен превоз
Позитивно бев изненадена од јавниот превоз во Њујорк бидејќи Америка е позната по тоа дека генерално има ужасен јавен превоз и сите се движат со сопствени автомобили.
Во Њујорк може да се движите со метро, автобус, такси, Убер... Навистина лесно се снаоѓавме кога е во прашање превозот.
Шопинг во кое било време од денот и ноќта
Голем број на продавници во Менхетн работат 24/7, па затоа што и да ви притреба може да купите дури и во раните утрински часови.
Па, затоа Њујорк го има прекарот – Градот што никогаш не спие!
Ако можам да издвојам нешто што не ми се допадна тоа е:
Големиот број на бездомници
Големиот број на бездомници по улиците на Менхетн и метрото, но сепак Њујорк остава впечаток на безбеден град „кој никогаш не спие“, можете да шетате и во раните утрински часови, а околу вас има постојано туристи и полиција.
Долгите редици за која било атракција
Њујорк е огромен град што го посетуваат милиони туристи на годишно ниво, па затоа очекувано е да има гужва, сепак малку ме нервираше фактот дека за одредени атракции се чека ред долго време.