Весна Коцевска, туристички водич, за патувањето во Сицилија: „Во Палермо е многу евтино, во Катанија има многу отпад по улиците“

Еден од најголемите предизвици на Сицилија е качување на вулканот Етна. Како ви беше испланиран денот? Зошто посетата на Етна за многумина е незаборавно доживување? 

Посетата на Етна е дефинитивно едно од незаборавните искуства. Пред да одиме слушнав дури и коментари дека не е ништо посебно, меѓутоа очигледно многу зависи како ќе ја организирате посетата.

Ние во случајов се одлучивме за организирана тура и испадна дека беше правилна одлука затоа што ако одевме сами со rent-a-car или автобус и ние ќе ги видевме само кратерите, а Етна е многу повеќе од тоа.

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 8 

Застанавме на видиковец кој сами сигурно не би го пронашле. А на едно од застанувањата посетивме една од т.н. Вулкански снежни пештери и научивме како истите настануваат.

Регионот е познат по производството на мед, па посетивме семеен бизнис каде имавме можност да пробаме различни видови мед и други локални производи.

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 9

Етна има преку 100 кратери кои се креирале низ вековите, а некои се лесно достапни да се посетат. Исто така на планината има и жичара која ве носи на 2500 м.н.в. но нас не нè послужи времето за тоа искуство.

Сепак, и тоа што го видовме и искусивме беше повеќе од доволно.

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 12

Како е да се патува на Сицилија со деца?

На сите им препорачувам да патуваат со деца во Сицилија. Без разлика дали би се одлучиле за летен одмор или активен како нашиот.

Во однос на безбедноста ниту за момент не се почувствувавме небезбедно.

Надалеку прочуената Сицилијанска мафија е присутна само во духот на филмовите кои се снимени на одредени локации и секако претставува дел од историјата на тие места. 

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 13 

Какви се цените? 

Цените беа изненадувачки ниски како за голем европски град. За мал процент повисоки отколку кај нас. Особено во Палермо, подоцна научивме дека цените намерно се одржуваат ниски затоа што е студентски град.

Таормина беше најскапа од местата кои ги посетивме, затоа што е едно од најелитните летувалишта во Сицилија.

Сепак зависи и од периодот кога ќе ја посетите Сицилија, затоа што има огромна разлика во однос на цените, пример за сместување и rent-a-car, во сезона и вон сезона.

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 16

Храната игра доста важна улога во секое патување. Кои специјалитети најмногу ти се допаднаа? 

Ако за остатокот од Италија приматот е на пица и паста, за Сицилија тоа би биле аранчини и канелони. Но и други специјалитети чии имиња не ги запаметив. Значи сѐ што пробавме беше превкусно.

Без разлика за каков тип на ресторани станува збор. Во Палермо е задолжително да се проба улична храна на пазарите.

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 14

Тука ќе го завршиме разговорот. Според тебе зошто секој треба да ја посети Сицилија? 

Сицилија е остров со богата историја во која различните освојувачи оставиле свој белег. И ден денес се чувствува миксот на култури и религии. А не заостанува ни со природни убавини, особено на крајбрежјето.

Секако дека и најголемиот активен вулкан во Европа привлекува голем број посетители. Нуди за секого по нешто и сигурна сум дека и најпребирливите ќе бидат задоволни. 

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 10

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 3

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 4

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грциј... „Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на...
Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на С... „Во Милацо се запознавме со локален угостител кој беше пријателски настроен и ни...
Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а ... „Натаму патувавме 15 часа, а за назад имавме патешествие и се враќавме речиси 2 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg