Весна Коцевска, туристички водич, за патувањето во Сицилија: „Во Палермо е многу евтино, во Катанија има многу отпад по улиците“

„На сите им препорачувам да патуваат со деца во Сицилија. Без разлика дали би се одлучиле за летен одмор или активен како нашиот. Во однос на безбедноста ниту за момент не се почувствувавме небезбедно. Надалеку прочуената Сицилијанска мафија е присутна само во духот на филмовите кои се снимани на одредени локации и секако претставува дел од историјата на тие места“, раскажува Весна Коцевска за CRNOBELO.com.

vesna-kocevska-vo-palermo-cenite-se-iznenaduvacki-niski-etna-e-posebno-dozivuvanje-i-mora-da-se-probaat-arancini-i-kaneloni-01.jpg

Весна Коцевска од Охрид е туристички водич и травел-блогер, а на многумина им е позната и како @whisper.ves.

Неодамна Весна и нејзиното семејство се вратија од Сицилија, а во продолжение за CRNOBELO.com го споделуваат искуството од островот:

Зошто овојпат се одлучивте токму за Сицилија? 

Верувале или не, добив желба да ја посетам Сицилија поради телевизиската серија „The White Lotus" чија втора сезона се одвива на Сицилија.

Енергијата на Палермо, боите на Таормина и фактот дека на островот има активен вулкан само ја засилија желбата.

Па, кога видов и колку е едноставно и релативно кратко самото патување одлуката беше дека дефинитивно ќе се оди со деца.

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 7 

Како изгледаше маршрутата на патувањето? 

Летавме од Тирана до Катанија, самиот лет трае околу 1 час. После продолживме со автобус до Палермо каде ноќевавме.

После 2 дена се упативме назад кон Катанија од каде во наредните денови ги посетивме Етна, Таормина и Сиракуза. 

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 5

Палермо – крстосница на многу цивилизации која се наоѓа на самиот раб на Европа и претставува еден од поважните центри на античкиот свет. Колку гостопримлив беше Палермо и какво беше чувството при првата прошетка низ улиците?

Палермо беше повеќе отколку што очекувавме и слободно можам да кажам дека ми стана еден од омилените градови во Европа каде би се вратила повторно.

Градот има богата историја и нуди навистина многу содржини. Може пеш да видете голем дел од знаменитостите.

Сепак, она што го прави посебен е неговата енергија и луѓето. 

Чувството при првата прошетка низ улиците на Палермо беше како да сме во град кој веќе го знаеме. Можеби и затоа што тргнавме спремни со одреден план што да посетиме.

Но, поверојатно затоа што самата атмосфера во градот беше толку позитивна што целосно се опуштивме без да брзаме да посетиме што повеќе знаменитости.

Баш напротив, избравме опуштена варијанта со мисла дека не мора сѐ да видиме затоа што сигурно повторно ќе го посетиме.

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 6

Што сè успеавте да посетите во Палермо? 

За неколку часа го прошетавме историскиот дел на Палермо. Така што првиот ден буквално шетавме по улиците без посебен план и видовме голем дел од знаменитостите.

Посетивме еден од пазарите со улична храна и ги пробавме познатите аранчини и канелони.

Наредниот ден ја посетивме ботаничката градина на Палермо која е најстара во Европа и нѐ изненади големиот диверзитет на тропски дрвја.

Истиот ден ја посетивме и Кралската палата во која се наоѓа црквата Палантине.

Од туристички водич научивме многу за историјата на Палермо и Сицилија. А добивме и појасна слика зошто Сицилија е толку посебна и поразлична од остатокот на Италија.

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 2

Патувањето го продолживте и во Катанија. Како го доживеавте овој град?

Катанија е исто убав град, но ако го посетите после Палермо не може да се натпреварува. Малку нѐ разочара колку отпадоци има по улиците.

Сепак центарот на градот е навистина убав. А она што е најдобро кај Катанија е локацијата, да се биде стациониран тука со цел да посетите повеќе места во источниот дел на островот.

Се наоѓа во подножјето на Етна, а тука се наоѓа и еден од аеродромите.

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 11

Освен Палермо и Катанија кои други места успеавте да ги посетите?

Не успеавме да посетиме сѐ од првичниот план, но сепак сме презадоволни од посетата на Сиракуза и стариот град Ортигија со значително зачувана архитектура.

Како и преубавата Таормина со познатиот остров Isola Bella. Секое место со своја убавина и своја приказна. 

vesna kocevska vo palermo cenite se iznenaduvacki niski etna e posebno dozivuvanje i mora da se probaat arancini i kaneloni 15

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грциј... „Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на...
Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на С... „Во Милацо се запознавме со локален угостител кој беше пријателски настроен и ни...
Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а ... „Натаму патувавме 15 часа, а за назад имавме патешествие и се враќавме речиси 2 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg