Теона Манго: „Законите во Саудиска Арабија се сменети и жените се третирани како кралици, се чувствував безбедно таму“

АлУла е едно од ретките места во светот кое те прави да се чувствуваш како вистински истражувач и првото светско наследство заштитено од УНЕСКО во Саудиска Арабија. Раскажи ни ги највпечатливите моменти додека се наоѓаше помеѓу античките гробници, карпестите формации и врвни уметнички инсталации?

АлУла дефинитивно ќе ја изберам за едно од најдобрите места кои сум ги посетила досега. Се чувствуваш како да си на друга планета, пејзажите се какви што никогаш не сум видела, огромни карпи и карпести формации, оази, дини, пустина… Трите дена поминати во АлУла беа вистински сон.

Хегра е вистински магична, особен шарм дава тоа што сè уште нема огромен број на туристи, па можете вистински да уживате во нејзината величественост.

Камената формација во форма на слон исто така остава без здив, особено кога ќе падне сонцето и одблесокот ќе ја претвори целата пустина во различни нијанси на портокалови и црвени бои. А штом падне мрак ѕвезденото небо е приказна за себе.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 4

Кога станува збор за врвни уметнички инсталации и модерна архитектура, АлУла и во овој дел ми остави огромен впечаток.

Престојував во ресортот Habitas, кој е вистински рај на земјата. Од самиот концепт да се зближите и поврзете со природата, уметнички инсталации низ целиот ресорт, различни велнес активности во текот на целиот ден, забрането автомобили низ ресортот превозот беше исклучиво со велосипеди или количка за голф и базенот кој остава без здив.

Во склоп на ресортот се наоѓа и најголемата зграда со огледала во светот – Мараја. Кога ја здогледав Мараја буквално ми застана здивот.

Ова ремек-дело на Florian Boje, совршено ја рефлектира убавината на АлУла. Низ целата АлУла има голем број на различни инсталации и дела од уметници како: Monika Sosnowska, Stephanie Deumer, Shadia Alem...

Се чувствуваше ли безбедна низ улиците на Ријад и останатите места што ги посети?

Апсолутно! Саудиска Арабија е место кое е навистина безбедно, немав ниту едно лошо искуство или момент каде што се почувствував небезбедно или непријатно.

Мора да кажам дека низ Европа и САД сум се чувствувала многу понебезбедно како жена, отколку во Саудиска Арабија.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 5

Како се движат цените за најосновните работи кога доаѓаш како турист?

Цените засега се исто како за локалците, бидејќи туризмот им е многу нов и сè уште ја немаат практиката со давање на други цени на туристи.

Традиционалните ресторани се многу евтини, додека пак ресторани со други кујни и ресторани кои изгледаат помодерно се со за 20-30% повисоки цени од во Европа, истото важи и за западните брендови за облека/обувки/козметика итн.

Такси превозот е доста евтин, очекувано поради ниската цена на нафтата. Повеќето од музеите и знаменитости се бесплатни, додека пак оние што се плаќаат се по доста достапни цени. Интересен факт е што литар вода во Саудиска Арабија е поскапо од литар нафта.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 10

На што посебно внимаваше за време на патувањето?

Освен со изборот на сместување, не внимавав на ништо посебно, патувањето се одвиваше најнормално, дури и бев многу порелаксирана од другите патувања, бидејќи како што споменав и претходно Саудиска Арабија е пребезбедна и го нема моментот на пазење на вашите лични предмети, паричник, телефон, а и самите луѓе се толку многу фини и гостопримливи.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 12

Како е да си жена во Саудиска Арабија?

Последните 10 години дефинитивно има голема промена на начинот на живот на жените од Саудиска Арабија. Во 2012 им се дозволи на жените да смеат да работат без дозвола од новиот сопруг/татко. А во 2018 се укина законот со кој им се забрануваше на жените да возат.

Денес, во Саудиска Арабија има голем број и на жени кои работат и на жени кои возат. Има и дел на жени кои не носат бурки, некои дури и воопшто не се покриваат.

Начинот на живот е што жената е буквално третирана како кралица од страна на сопругот, нејзина задача е да се грижи за домот и за детето, а мажот е тој што треба да го издржува семејството.

При разговор со локални жени дознав дека од 2019 е многу порелаксирано и многу од правилата кои постоеја се укинаа. Можат да носат што сакаат, можат да излегуваат сами без присуство на сопруг/татко/роднина, да работат, да патуваат и ред други работи.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 17

Што имаш да кажеш за нивната традиционална кујна?

Храната им е базирана на ориз и месо, најчесто пилешко, козјо и месо од камила. Зеленчук и овошје скоро и да нема во традиционалната кујна.

Традиционално се јаде на земја и со раце, јадењето се служи во голем сад, кој стои на средина, и сите јадат од истото.

Традиционалната кујна дефинитивно не е за вегетаријанци, но Ријад и АлУла имаа огромен избор на ресторани со кујни од целиот свет.

Она што не го очекував е огромниот број на западни особено американски синџири за храна. Луѓето во Саудиска Арабија се огромни обожаватели на Dunkin Donuts, Starbucks и KFC.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 8

Како за крај зошто треба да ѝ се даде шанса на Саудиска Арабија?

Саудиска Арабија е земја која дефинитивно ќе ви остави огромен впечаток, комплетно различна култура и начин на живеење од она на коешто сме ние навикнати.

Мислам дека за многу краток период Саудиска Арабија особено АлУла ќе биде една од најпосетуваните туристички дестинации. Мој совет е да се посети пред да се промени премногу.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 14

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg