„Од Струмица се преселивме во Лондон, сакав да се вратам, но сега сум пресреќна“ - Никол Динева Гарванлиева за животот во Англија

„На почетокот, како и на секој иселеник, ми беше многу тешко. Живеевме во чудни услови и како и сите новодојденци во Лондон, делевме куќа со повеќе станари. Тоа беше период во кој сакав да се откажам и вратам назад. Но, никогаш не знаеш што ќе ти донесе животот и каков ќе биде твојот животен пат. Во тој период научивме дека ништо не е така лесно и за сè мораме сами да се избориме и да постигнеме“, вели Никол Динева Гарванлиева за CRNOBELO.com.

od-strumica-se-preselivme-vo-london-sakav-da-se-vratam-no-sega-sum-presrekjna-nikol-dineva-garvanlieva-za-zhivotot-vo-anglija-01.jpg

Никол Динева Гарванлиева (33) од Струмица веќе 8 години живее во Лондон со сопругот и двете ќерки.

Денес таа ужива во животот во британската престолнина, но кога се преселила таму, на свои 25 години, била под огромен стрес, бидејќи не знаела што ја чека во новата средина и градот каде што допрва треба да го отпочне својот живот.

Никол денес е пресреќна што со сопругот го избрале Лондон како град во кој ќе создадат семејство, па за CRNOBELO.com раскажа за убавите работи и проблемите поврзани со животот во Англија.

od-strumica-se-preselivme-vo-london-sakav-da-se-vratam-no-sega-sum-presrekjna-nikol-dineva-garvanlieva-za-zhivotot-vo-anglija-07.jpg

Во продолжение прочитајте ја приказната на Никол:

Зошто се преселивте со сопругот во Лондон, зошто ја избравте Англија како земја каде што сакате да живеете?

Преселувањето во Лондон за мене беше огромен стрес, страв од непознатото, иако уште од најрана возраст знаев дека животот ќе ме однесе далеку од дома.

И двајцата со сопругот не гледавме како би опстанале кај нас, сакавме семејство, а ниту еден од нас не беше вработен, така што одлуката беше обострана тој да замине некаде.

Сопругот го избра Лондон, не јас, така што може да кажам дека љубовта ме донесе во овој прекрасен град.

И ми требаше време да го прифатам со сите негови позитиви и негативности.

Во Лондон почна и нашиот семеен живот, тука се родија добивме нашите ќерки.

Лондон е градот кој нè промени и двајцата.

od-strumica-se-preselivme-vo-london-sakav-da-se-vratam-no-sega-sum-presrekjna-nikol-dineva-garvanlieva-za-zhivotot-vo-anglija-16.jpg

Како би го опишала животот во Лондон? Која е најубавата, а која е најлошата работа поврзана со животот таму?

Овој голем град е многу повеќе од само главен град на Обединетото Кралство.

Лондон е раздвижен, енергичен, мултикултурен град.

Колку е стар, толку е и модерен и нов, каде што традиционалните пабови се прилепени со најновите коктел барови.

Градот е полн со атракции и настани.

Лондон има сè – од култура до добар шопинг и ноќно излегување.

И ми се чини дека градот никогаш не одмора.

И што е најдобро во сето ова, има лесен систем за користење на јавен транспорт.

Нашиот ден се одвива според активностите на нашите ќерки, така што тие се креатори на денот.

Кога поголемата ќерка е дома и не е во училиште или на некоја додатна активност, денот вклучува излегување и запознавање на нешто ново, посета на некој од музеите или прошетка по Темза, посета на некој културен настан или парк, во зависност од нејзината желба.

od-strumica-se-preselivme-vo-london-sakav-da-se-vratam-no-sega-sum-presrekjna-nikol-dineva-garvanlieva-za-zhivotot-vo-anglija-21.jpg

Колку ви беше тешко да се снајдете на почетокот?

На почетокот, како и на секој иселеник, лично мене ми беше многу тешко.

Живеевме во чудни услови и како и сите новодојденци во Лондон, делевме куќа со повеќе станари.

Тоа беше период во кој сакав да се откажам и вратам назад.

Но, никогаш не знаеш што ќе ти донесе животот и каков ќе биде твојот животен пат.

Велат „секое зло за добро“. И токму во тој период научивме дека ништо не е така лесно и за сè мораме сами да се избориме и да постигнеме.

Ниту еден успех не доаѓа без труд – тоа е мотото по кое се водиме низ годините овде.

Така што, останавме, и ниту во еден момент се немам покајано за изборот.

od-strumica-se-preselivme-vo-london-sakav-da-se-vratam-no-sega-sum-presrekjna-nikol-dineva-garvanlieva-za-zhivotot-vo-anglija-02.jpg

Се дружите ли со Британци или пријатели ви се повеќе Македонци и Балканците што живеат во Лондон?

Можам да кажам дека во тој дел со дружењето сме многу ограничени.

А и за секоја дружба треба да се има слободно време, кое реално е многу ретко.

Сопругот има сопствен бизнис и е максимално посветен на работата.

Затоа, пак, јас сум максимално посветена на ќерките и така балансираме двајцата.

Но, да, кога сме слободни, пријателите ни се наши луѓе од Балканот.

od-strumica-se-preselivme-vo-london-sakav-da-se-vratam-no-sega-sum-presrekjna-nikol-dineva-garvanlieva-za-zhivotot-vo-anglija-04.jpg

Кои ти се омилените места за излегување или за прошетки со децата? Како го поминуваш слободното време?

Секое ново место на кое не сум била, а каде што ќе наидам за првпат – тоа ми е омилено.

Градот царува со премногу убавина, само да си во можност да прошеташ.

Но, секако, може да одвојам места каде што сум била веѓе неколку пати и никогаш не ја откажувам можноста за повторно да ги посетам, а тоа се Victoria and Albert Museum, Natural History Museum, Harrods, Sky Garden, Hyde Park, Diana Memorial Park.

od-strumica-se-preselivme-vo-london-sakav-da-se-vratam-no-sega-sum-presrekjna-nikol-dineva-garvanlieva-za-zhivotot-vo-anglija-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg