8 совети и трикови за готвење со Air Fryer од професионални готвачи
Ставете го апаратот на шпоретот додека го користите
Повеќето модели на Air Fryer ослободуваат малку пареа или чад додека готвите, што значи потребно е да има некакво струење на воздух околу нив.
Поради ова, наједноставно е да го ставите апаратот на шпоретот и да го вклучите аспираторот за да го намалите мирисот на храна.
Собирајте го вишокот маснотии со парче леб
Ако не сакате да користите алуминиумска фолија кога готвите мрсна храна, како сланина, можете да употребите парче леб.
Едноставно, ставете едно-две парчиња леб, па врз нив ставете ја храната.
Лебот ќе впие голем дел од маснотиите и ќе ви го олесни чистењето.
Во лето, давајте му предност на Air Fryer-от
Штом имате Air Fryer, во лето нема потреба да вклучувате шпорет и дополнително да го загревате домот.
Користете го за подгревање храна
Апаратот на топол воздух е многу подобар за подгревање храна од микробранова печка.
Микробрановата печка не ја загрева храната рамномерно и може да ѝ ја промени текстурата. Но, со Air Fryer храната ќе биде крцкава и вкусот ќе биде речиси ист како да е свежа.
Сепак, избегнувајте да подгревате храна со потечни состојки, како тестенини со сос, бидејќи може многу да се исуши, но и бидејќи ќе имате многу за чистење.
Во овој случај, микробрановата, па и шпоретот, сепак се подобар избор.
Спирова С. | Црнобело