Кулинарски трикови од земјите од Блискиот Исток со кои ќе станете експерт во кујна
Јајцата ги пржат во бакарни тави
Пржените јајца се популарен специјалитет во земјите од Блискиот Исток и најчесто се прават во посебни бакарни тави.
Бакарот многу добро ја распоредува топлината, па тавите од овој материјал се совршени за пржење јајца.
Ја зачинуваат храната со оригано и мајчина душица
Зачинетата храна е како заштитен знак на земјите од Блискиот Исток, а можеби најпопуларна комбинација е оригано и мајчина душица.
Всушност, ова се основните зачини за многу јадења и неретко се служат и само со леб.
Ставаат цимет и во солени јадења
За повеќето луѓе, циметот е зачин што се додава во десерти и пијалаци.
Но, во земјите од Блискиот Исток циметот се додава и во солени јадења, како доматен сос, ориз, супи, салати…
Печат месо во земјени садови
Земјените садови се мошне популарни и кај нас, и тоа со причина.
Тие се можеби најдобар избор за приготвување месо.
Го киснат гравот во сода бикарбона
Гравот, наутот и сличните зрнести плодови се честа состојка во многу јадења од Блискиот Исток, па овие народи дефинтивно знаат како да ги приготвуваат.
Во некои земји, гравот се кисне во мешавина од сода бикарбона и вода, а потоа темелно се плакне, со цел да му се збогати вкусот.
Спирова С. | Црнобело