10 кулинарски грешки што сите упорно ги правиме (и влијаат врз вкусот на храната)
Го чувате млекото на вратата од фрижидерот
Млекото ќе се расипе побрзо ако стои на врата од фрижидерот бидејќи овде температурата е променлива.
Односно, кога ја отворате и затворате вратата од фрижидерот, млекото се изложува на различни температури.
Покрај млекото, препорачливо е и другите продукти кои се расипуваат побрзо да ги чувате на полиците во фрижидерот, а не на вратата.
Не го размрзнувате месото врз алуминиумски сад
Металите, вклучувајќи го и алуминиумот, спроведуваат повеќе топлина од материјали како керамика.
Поради ова, ако одмрзнувате месо во алуминиумски сад, тоа ќе се одмрзне побрзо.
Не ја чистите калинката во вода
Се чини дека прскањето од калинката е неизбежно додека ја чистиме.
Но, има решение и за овој проблем.
Едноставно, исчистете ја во сад со вода, следејќи ги инструкциите од видеото подолу.
Го ставате тестото за палачинки од длабок сад, со црпалка
Иако нема ништо лошо ни во овој начин на правење палачинки, ќе направите значително помал неред ако ја ставите смесата во кеса за шлаг.
Користите погрешен вид компири за пире
За кремасто пире, најдобро е да користите поголеми компири со темна, дебела лушпа.
Тие имаат повеќе скроб, па ова ги прави одлични за пире.
Од друга страна, избегнувајте да правите пире со млади компирчиња, кои се многу повкусни ако само ги испечете.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





