10 кулинарски грешки што сите упорно ги правиме (и влијаат врз вкусот на храната)
Дали имате навика да ги ставате компирите во вода што врие? Тогаш бидете сигурни дека нема да се сварат рамномерно.
Дури и ако секој ден готвите, голема е веројатноста да правите некоја грешка.
Всушност, сите настојуваме да повторуваме некои грешки во кујна, но неретко тие можат да го променат вкусот на храната.
Кои грешки треба да ги избегнувате?
Не го отстранувате вишокот течност од доматите пред да ги ставите во сендвич
Доматите имаат многу вода, па ако не ја отстраните делумно со хартиен бришач или нешто слично, ќе ви го накиснат сендвичот.
Ги ставате компирите во вода што врие
Ако ги ставите компирите во зовриена вода, надворешниот слој ќе се свари речиси веднаш, а внатрешноста ќе остане жива.
Поради ова компирите нема да се сварат рамномерно.
Затоа, прво ставете ги компирите во тенџерето со вода, па потоа вклучете ја ринглата.
Не ги обложувате садовите за мерење со масло или путер
Ако треба да измерите храна која е леплива, како путер од кикиритки, па дури и мед, обложете го садот за мерење со малку масло или путер.
Вака ќе го спречите лепењето на храната и миењето ќе биде многу полесно, а бидејќи станува збор за многу мало количесто масло/путер, нема да има промени во вкусот.
Не ја користите рерната за нараснување на тестото
Кога времето е многу топло, слободно можете да го оставите тестото на собна температура за да нарасне.
Но, ако температурата во кујната е многу ниска, подобро искористете ја рерната.
Пуштете ја на околу 200 степени и оставете ја да се загрее 1-2 минути. Потоа исклучете ја и ставете го садот со тесто во неа.
Во просек, тестото ќе нарасне за 45 до 60 минути.
Не ги засекувате лимоните кога ги цедите
Ако сакате да исцедите лимон, лесно ќе го спречите прскањето ако ги следите инструкциите на видеото подолу.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





