8 едноставни трикови со кои ќе фрлате помалку овошје и зеленчук
Складирајте го исечканиот кромид во пластичен сад
Ако ви остане исечкан кромид, не го фрлајте, туку измешајте го со малку сол и масло за јадење.
Потоа ставете го во добро затворена кутија или тегла.
На овој начин можете да го чувате 3-4 дена во фрижидер.
Чувајте ги краставиците завиткани во најлонска фолија
Некогаш и краставиците не траат многу долго во фрижидер, но постои трик и за овој проблем.
Едноставно, завиткајте ја краставицата во најлонска фолија, ставете ја добро затворен сад и чувајте ја во фрижидер.
Завиткајте ги морковите со хартиен бришач
Морковите ќе останат свежи подолго ако ги завиткате во хартиени бришачи.
Немојте да ги миете, туку само завиткајте ги и ставете ги во добро затворен сад, а потоа чувајте ги во фрижидер.
Чувајте го лукот во добро затворен сад
Ако имате излупени чешниња лук, ставете ги во добро затворен сад и чувајте ги во фрижидер.
Вака ќе ви траат и до три дена.
Спирова С. | Црнобело