Ги поканив пријателките на појадок овесна каша – зошто ме прогласија за супер домаќинка?
„Сега, 15 години по средно училиште, гените „задолжени“ за фит изглед почнаа да ми потфрлаат. Јадењето прекумерно почна да си го зема својот данок. Научена да бидам најзгодната во друштвото се одлучив на драстична промена, и тоа не само поради изгледот, шега на страна, туку поради здравјето. Гуглав најлесна и најдобра опција и дојдов до решението – овес и производи базирани на овес... И моите пријателки ги воодушевив инстантно!“
Се сеќавам како се чудев кога пријателките ме гледаа со доза завист во средно училиште кога јадев по цел хамбургер на голем одмор, а потоа бев најзгодна на плажа или пак само облекував наједноставно кусо тесно фустанче и изгледав одлично, подготвена за во град...
Сега, 15 години подоцна, гените на тема фит изглед почнаа да ми потфрлаат. Јадењето прекумерно почна да си го зема својот данок, а сега тесните фустанчиња ги заменив со женствени А-кроеви (нели години се во прашање... Се шегувам, опуштеното стомаче е, кое повеќе не сакам да се исцртува).
Научена да бидам најзгодната во друштвото се одлучив на драстична промена. Не може вака, не сум навикната нешто да не ми стои како „налиено“ на мене, како што си велиме народски. Мора да направам промени во исхраната и тоа не само поради изгледот, шега на страна, туку поради здравјето.
Па, така почнав да гуглам. Како најбрзо да дојдам до посакуваните резултати? Што всушност правам погрешно?
Добро за ова второто прашање знам од каде започува сѐ – бурек за појадок или можеби чизбургер или тост појачан со компирчиња (можеби и вие сега климате со главата и си ја признавате вината), па потоа сите нездрави ужини во текот на денот.
Океј, одговорот на второто прашање го имам. Ставам СТОП на ова.
Како понатаму? Пребарувајќи на интернет дојдов до сајтот Boom Box со најшарена палета на пастелни бои, кој ме привлече на прва. Плус, прегледен и лесен за навигација. Одлично!
Читам:
Нутриционистите, спортистите, веганите и сите што се хранат здраво - јадат овес. Овесот содржи витамини, минерали, влакна и антиоксиданси и затоа е врвен оброк во секое време од денот. Колку подобро го познаваш, повеќе го јадеш.
Го имаат моето внимание, токму ова го барав, си помислувам!
Потоа читам и:
Воопшто не претеруваме кога велиме дека овесот е цела житарка во целосна смисла на зборот. Не само што е исклучително хранлив, туку помага и во градењето и заштитата на нашиот организам. Затоа, треба да се вклучи во секојдневната исхрана.
Овес, скапоцена житарка без глутен, за разлика од неговите „глутенски“ роднини - пченица, јачмен и ориз - погоден за луѓе кои имаат дигестивни проблеми или алергии на одредени состојки.
Следуваат главните особини на производите Boom Box:
- Без додаден шеќер
- Високо богати со влакна
- Без вештачки ароми и бои
Несвесно климам со глава и имам насмевка на лицето... Сето, ова ќе придонесе за моето слабеење, но и здравје. Започнувам!
И така, процесот може да започне со полна торба Boom Box производи, купив овесни каши, гранола, колачиња и еден од 4-те овесни пијалаци. Јас се одлучив за оној со бадеми, а има и стандарден, потоа со кокос и со лешници.
И, нормално, тестирањето на нешто ново нема да биде забавно, ако не ги поканам пријателките.
Па, ден претходно „извежбав“ како се приготвуваат оброците. Искрено потребни се 2 минути, само ја истурате содржината од ќесичката и преливате со топол или студен овесен пијалак или вода и готово. За „домаќинки“ како мене совршено – виновна признавам.
Пријателките ги поканив на појадок и брзински приготвив за сите. Дури и декорирав со овошје, јаткасти плодови и малку путер од кикирики и беа воодушевени од моето дело.
Знаат дека кујната не ми е силна страна, но овојпат ме прогласија за супер домаќинка. Фала Boom Box.
Велат повкусно нешто одамна не пробале.
Искрено, и јас сум воодушевена. По природа скептик и вљубеник во нездрави оброци, не верував дека некоја ваква здрава опција ќе ми го освои срцето инстантно.
Мој фаворит е овесната каша со банана, лешници и чоколадо, на другарка ми Соња онаа со шумско овошје и бадеми, а на Кате таа со лешници и чоколадо, другите пак рекоа дека сите им се превкусни, не можат да се одлучат и секој ден од седмицата ќе им биде резервиран за различна каша.
Ништо помалку воодушевување не предизвика и гранолата, со која им дадов и чаша овесен пијалак.
Потоа, им направив дури и нескафе со овесниот пијалак со бадеми и дојдовме до заклучок дека кафе со подобар шмек не сме пиеле никогаш.
Не успеав да ги сокријам колачињата, иако си ги планирав за вечерна релаксација со филмот „Top Gun: Maverick“, па морав да им послужам и од нив.
Но, беа фини, каснаа неколку и другите ми ги оставија и за вечерна занимација за во новата фаза од животот (со здрави животни навики) да не потклекнам и да грицкам чипс среде ноќ повторно.
И мора да признаам, дека колачињата ме заситија. И изедов многу помалку од што очекував. Споделив и со партнерот, а ми останаа и за наредниот ден.
Мене ми се омилени овесните колачи со брусница, а нему оние со кокос. Има и со какао, но тие ќе ги тестираме наскоро.
Помина една седмица оттогаш и мене секој ден појадокот ми се сведува на овес. Се чувствувам сито, немам потреба да јадам благо и имам повеќе енергија.
Веќе почнав и да слабеам (добро можеби засега само јас го забележувам ова), но сигурна сум дека многу помалку мака гледа копчето од моите фармерки.
Некако и кожата ми изгледа подобро, не сум подуена, како телово да ми благодари за променава.
Секој оброк од денот можам да го заменам со овесни производи, а за ужинките не ни разговарам.
Не се враќам на старо дефинитивно! Одамна не сум донела подобра одлука во животот.
Ви благодарам Boom Box!
С. С. | Црнобело