Што ќе се случи ако почнете редовно да пиете сок од домати + како да го направите?
Го поттикнува здравјето на очите
Ликопенот, бета-каротенот и другите состојки во сокот од домати докажано ги штитат очите и го намалуваат ризикот од појава на катаракта, но и проблеми поврзани со возраста.
Го зајакнува имунитетот
Сокот од домати е богат со витамини А и Ц, како и Б витамини во помал процент кои му годат на нашиот имунитет.
Тој содржи и магнезиум, калиум и бројни други состојки кои се добри за имунитетот.
Поздрава коса
Благодарение на витаминот К, сокот од домати го поттикнува растот на косата и ја прави посилна и посјајна.
Ги зајакнува коските
Повторно поради витаминот К, овој сок е одличен за здравјето на коските. Овој витамин активира протеин кој е важен за сврзувањето на калциумот во коските.
Дава енергија
Бидејќи сокот од домати е како витаминска бомба, има моќ да ви ја даде потребната енергија.
Добар е и за после вежбање бидејќи го поттикнува закрепнувањето на мускулите.
Како да си направите сок од домати?
Сокот од домати можете да го купите, но ќе биде многу поефикасен ако си го направите сами.
Потребни состојки:
- 3-4 домати
- Малку свеж магдонос
- Сок од еден лимон
- 1 шолја исечен целер
- 1 шолја ладна вода
Ставете ги сите состојки во блендер, изблендирајте и вашиот сок е готов.
Најдобро е да го правите сокот пред пиење, односно немојте да правите големи количини наеднаш.
Спирова С. | Црнобело