Кулинарски трикови што треба да ги знае секој, според професионален готвач
-->
Кога правите тестенини со сос, ќе заштедите многу време ако почнете да го правите сосот додека врие водата за тестенините.
Во јадењата како рижото, на крај додајте малку путер – путерот ја намалува киселоста, го прави јадењето покремасто и, генерално, го подобрува вкусот.
Во некои јадења добро е да додадете и лимон. Ако, на пример, не ви се допаѓа вкусот на сосот за тестенини, неколку капки лимонов сокот можат да направат голема разлика.
-->
Кога правите тесто за палачинки, не претерувајте со мешање. Треба да ги измешате состојките само колку да се соединат.
Ако правите месо или риба, оставете ги околу 30 минути на собна температура пред да почнете со готвење. На овој начин месото и рибата ќе се испечат порамномерно.
Користете ги сите нивоа на рерната – зеленчукот е најдобро да го печете на најдолната решетка, а останатите јадења, како месо, ставете ги на средината за да се испечат и од горната, и од долната страна.
Спирова С. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна
Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз
Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната
Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти
Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни
Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)?
Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
-->