Кулинарски трикови што треба да ги знае секој, според професионален готвач
-->
Во јадењата како рижото, на крај додајте малку путер за значително да го подобрите вкусот.
Алиса Фицџералд работи како професионален готвач веќе 15 години. Таа смета дека иако не секој има време да стане експерт во кујна, некои трикови треба да им се познати на сите кои готват, дури и само повремено.
-->
За Insider таа ги споделува најкорисните трикови што ги научила и кои верува дека ќе ви се најдат:
За да ја стабилизирате даската за сечење, ставете влажна крпа под неа. Овој трик функционира и за дрвени, и за пластични даски.
Однапред подгответе ги сите работи што можете – наострете ги ножевите, измијте ги и исечете ги потребните состојки, извадете ги сите потребни садови…
Никогаш немојте да користите тапи ножеви бидејќи со нив ќе мора да притиснете посилно, а со ова се зголемува ризикот ножот да ви се лизне од раката и да се повредите.
Ставајте сол на сите делови од рецептот, не само на крајниот продукт. Ако, на пример, правите тестенини со сос, ставете сол и во тестенините, и во сосот. На крај, доколку има потреба, додајте сол и во крајниот продукт.
-->
-->
Ако сосот е премногу густ, доволно е да додадете само вода. Само, додавајте со лажица за да не претерате и да не го направите премногу редок.
-->
Важно е какво масло користите – бидејќи маслиновото масло и путерот почнуваат да горат на пониска температура, не се најдобар избор за храна што треба да се пржи подолго време.
Уште шест совети на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна
Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз
Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната
Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти
Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни
Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)?
Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
-->