7 популарни трикови за во кујна – што функционира, а што не?
Лесно лупење компири
Очекување: Откако ќе ги сварите компирите, ставете ги во сад со студена вода. Потоа малку засечете ја кората и ќе ги излупите многу лесно.
Реалност: Уште еден одличен совет – лупењето е многу полесно на овој начин.
„Пржено“ јајце во црпалка
Очекување: Ставете го јајцето во црпалка и држете ја неколку минути во вода што врие за да добиете поздрава верзија од пржено јајце.
Реалност: Иако јајцата приготвени на овој начин се вкусни, ќе треба долго време да ја држите црпалката во водата. Па, трикот не е најпрактичен.
Сечење домати со помош на виљушка
Очекување: За да го исечете доматот на исти парчиња, боцнете го со виљушка, па сечете помеѓу празнините (како на горната фотографија).
Реалност: Со овој начин ќе добиете подебели парчиња домат. Па, најдобро избегнувајте го трикот освен ако навистина не знаете како да исечете домат или ако немате остар нож при рака.
Здрави печени компири без масло
Очекување: Ставете ги компирите во врела вода и сварете ги до пола. Потоа исечете ги и зачинете ги со малку пченично брашно, сол, лук во прав и бибер. Добро измешајте и ставете ги во рерна.
Реалност: Со овој начин на подготовка навистина ќе добиете крцкави компири, а притоа не треба да употребите ни капка масло.
Спирова С. | Црнобело