Грешки во готвењето што не ги забележувате, но прават голема разлика во вкусот
Користите погрешно масло за готвење
Не сите масла за готвење се исти – некои се подобри за пржење, некои за салати, а некои за печење.
Ако следите рецепт, тогаш користете такво масло какво што пишува во рецептот.
Ако готвите сами, имајте на ум дека сончогледовото масло е најдобро за пржење и печење месо и зеленчук. Маслиновото, од друга страна, е одлично за сосови и салати.
Не ја загревате тавата пред готвење
Секогаш загревајте ја тавата пред да почнете со готвење. Најдобро е прво малку да ја загреете тавата, да го додадете маслото, па откако малку ќе се загрее да почнете да ги додавате состојките.
Не ја пробувате храната додека готвите
Дури и ако следите рецепт, секогаш пробувајте ја храната додека ја готвите – дали е доволно солена, дали тестенините се доволно меки, дали месото е сварено…
Ако, на пример, имате посилен шпорет од оној што го напишал рецептот што го правите, можеби вам ќе ви треба помалку време да сварите нешто, па најбезбедно е да пробате.
Ставате масло во водата кога варите тестенини
Во водата со тестенини треба да додадете само сол и ништо друго. За да не се залепат на тенџерето не ви треба масло, туку само треба да ги промешувате одвреме-навреме.
Дури откако ќе ги сварите, можете да ги запржите со малку масло. Сепак, постојат разни рецепти и методи на подготовка за тестенини, па не мора точно да се држите строго.
Ја фрлате целата вода од тестенините
Ако правите сос за тестенините, немојте да ја фрлате водата во којашто сте ги вареле. Оваа вода има скроб, па ако ја додадете во сосот, ќе го направи погуст и повкусен.
Спирова С. | Црнобело